MK/Prabhupada 0711 - Љубезно ве молам тоа што го започнавте, не го прекинувајте - Продолжете со тоа многу радосно

From Vanipedia
Jump to: navigation, search

Љубезно ве молам тоа што го започнавте, не го прекинувајте - Продолжете со тоа многу радосно
- Prabhupāda 0711


Speech Excerpt -- Mayapur, January 15, 1976

Прабхупада: ... Најголемото задоволство во ова е стремежот на Бхактивинода Тхакура дека Европејците, Американците и Индијците сите заедно, танцуваат радосно и пеат „Гаура Хари.“ Овој храм, храмот во Мајапур Чанродаја, е наменет за трансцендентални Обединети нации. Она што Обединетите нации не успеаа, тоа ќе се постигне тука, со процесот препорачан од Шри Чаитанја Махапрабху, pṛthivīte āche yata nagarādi grāma sarvatra pracāra haibe mora nāma (ШБ Антја-кханда 4.126) Дојдовте од сите делови на светот и живеете заедно во овој храм. Ги обучуваме овие мали момчиња. Многу ми е мило, особено, кога ги гледам малите деца од сите други земји и Индијци, Бенгали, сите заедно, заборавајќи на нивната телесна свест. Тоа е најголемо достигнување во ова движење, дека сите забораваат на телесната концепција на животот. Никој не мисли овде како „европски,“ „американски,“ „индиски,“ „хинду,“ „муслиман,“ „христијанин.“ Тие ги забораваат сите овие именувања, и едноставно се возбудени во пеењето Харе Кришна. Љубезно ве молам тоа што го започнавте, не го прекинувајте. Продолжете со тоа многу радосно. И Чаитанја Махапрабху, господарот на Мајапур, Тој ќе биде многу задоволен од вас, и на крајот ќе се вратите дома, назад кај Бога. Ви благодарам многу. (крај)