MK/Prabhupada 1030 - Човековиот живот е наменет за разбирање на Бога. Тоа е единствената работа во човековиот живот



740628 - Lecture at St. Pascal's Franciscan Seminary - Melbourne

Во ведската литература се вели дека ataḥ śrī-kṛṣṇa-nāmādi. Кришна е името на Бога. Се вели дека името на Кришна, формата на Кришна, карактеристиките на Кришна, активностите на Кришна ... Ataḥ śrī-kṛṣṇa-nāmādi започнува од името. ataḥ śrī-kṛṣṇa-nāmādi na bhaved grāhyam indriyaiḥ (ЧЧ Мадхја 17.136). Индрија значи сетила. Не можеме да разбереме што е Кришна или Бог - Неговото име, Неговата форма, Неговите карактеристики, Неговите забави ... Ние не можеме да разбереме со овие тапи материјални сетила. Тогаш, како тоа да се разбере? Впрочем, човековиот живот е наменет за разбирање на Бога. Тоа е единствената работа во човековиот живот. Природата, материјалната природа, ни ја дава оваа можност да ја имаме оваа човечка форма на живот. Способноста на овој живот, на оваа форма на живот, ни е дадена само за да го разбереме Бога. Другите форми на живот - мачки и кучиња, дрвја и многу други работи; има 8.400.000 форми на живот - во другите форми на живот не е можно да се разбере што е Бог. Ако ги повикаме сите кучиња од вашата земја, „Дојди овде, ќе разговараме за Бога,“ не постои можност за разбирање. Но, во човековата форма на живот постои можност. Не е важно дали тоа е во Индија или Америка или Австралија. Секое човечко суштество, ако се обиде и ако ги чита книгите - не е важно, Библијата, Бхагавад-гита, Бхагавата - тогаш тој ќе го разбере Бога.