MK/Prabhupada 1045 - Што да кажам? Секој бессмислен човек ќе каже нешто бессмислено. Како можам да го проверам тоа



751002 - Interview - Mauritius

Репортер (4): Индиската филозофија секогаш учи дека светлината доаѓа од многу светилки. Но, вие проповедате дека ... Прабхупада: Што е тоа? Брахмананда: Тој вели дека индиската култура секогаш учела дека светлината доаѓа од многу светилки. Репортер (4): Дека вашата проповед се состои само од Гита. Прабхупада: Да. Тоа е највисокото светло. Постојат степени на светлина. Има сончева светлина, а тука е и светилката. Не можете да го споредите ова светло со сонцето. (смеа) Светлината доаѓа од секаде, но тоа не значи дека сончева светлина и ова светло се исти. Репортер (4): Не, она што јас ... Прабхупада: Најпрво, разберете го ова. Имавте прашање во врска со светлината. Најпрво, разберете дека постојат степени на светлина. Не можете да кажете дека ова светло и сончевата светлина се исти. Репортер (4): Со ова, мислите дека оние кои се прилагодуваат кон светлината што доаѓаат од учењата од Коранот или од Библијата е помала светлина ... Прабхупада: Тоа е ваша ... Ваша работа е да студирате. Но, ние ви даваме идеја, дека светлината доаѓа од секаде. Има едни инсекти што светат. Таа светлина исто така светнува, а сончевата светлина е исто така светлина. Не можете да помислите дека светлото на инсектите и сончевата светлина се исти. Сега е ваша работа да видите што е светлина од инсектите и што е сончева светлина. Тоа е ваша работа. Репортер (6) (Индиец): Доволно е аргументирано, особено во земјите од третиот свет, дека вашето движење е под крило на одредени, одредени империјалистички земји. Дали вие...? Брахмананда: Тој рече дека постојат некои тврдења дека нашето движење е поврзано со одредени империјалистички земји. Прабхупада: Оставете ги нека ги кажат сите бессмислици. Што да кажам? Секоја бессмислен човек ќе каже нешто бессмислено. Како можам да го проверам тоа? Има толку многу бессмислени луѓе; затоа ние се обидуваме да ги направиме сите овие бессмислени луѓе во човечки суштества. Тоа е нашата програма. Додека тој е бессмислен, тој ќе продолжи да зборува бессмислености. Што можам да направам? Репортер (4): Свами, едно нешто сакам да знам. Оваа шлока, од каде сте ја добиле оваа шлока, lāvaṇyaṃ keśa-dhāraṇam? Оваа шлока, lāvaṇyaṁ keśa-dhāraṇam. Прабхупада: Да. Тоа е во третата глава од дванаесетото канто од Шримад-Бхагаватам. (настрана :) Дали ги имате сите Бхагаватами, Дванаесеттото канто? Пушта Кришна: Не го имаме со нас. Прабхупада: Значи, можете да забележите.