MK/Prabhupada 1061 - Во оваа Бхагавад Гита Главна Тема е Разбирањето на Петте Различни Вистини



660219-20 - Предавање Вовед во БГ - Њујорк

Така Господ Кришна, Се спушта, кога и каде постои пад на религиозните принципи (БГ 4.7), само да ја воспостави вистинската цел во животот. Кога човек ќе ја заборави вистинската цел во животот, мисијата на човечката форма на живот, тогаш тоа се нарекува дхармасја гланиха, нарушување на занимавањето на човечкото суштество. Затоа, во тие околности, од многу, многу човечки суштества, кои ќе се разбудат, еден кој ќе го разбуди духот на разбирање на својата позиција, за него, оваа Бхагавад Гита е изречена. Ние сме како проголтани, од тигрицата на незнаењето и Господ, кој е безпричински милостив кон сите живи суштества, особено за човечките суштества, ја изговорил Бхагавад Гита, правејќи го Својот пријател Арџуна, свој ученик.

Арџуна секако беше...Да се биде соработник на Господ Кришна, значи да се биде над сето незнаење. Но сепак, Арџуна, бил ставен во незнаење на Битката на Курукшетра, само за да му постави прашања, за проблемите на животот на Севишниот Господ, при што Господ, може да објасни за добробит на идната генерација човечки суштества и да го исцрта планот на нивниот живот по кој ќе дејствуваат, за да нивниот живот, нивната мисија во човечкиот живот, биде совршена.

Во оваа Бхагавад Гита, главна тема е разбирањето на петте различни вистини. Првата вистина е: Што е Господ? Тоа е прелиминарна студија, на Науката за Бог. Таа наука за Бог е објаснета тука. Следно, конституционалната положба на живите суштества, џиви. Ишвара и Џива. Господ, Севишниот Господ, Тој се нарекува Ишвара. Ишвара значи контролор и џивата, живите суштества се... Џивите, живите суштества, не се ишвара т.е контролори. Тие се контролирани. Вештачки е ако јас речам дека „Јас не сум контролиран, Јас сум слободен“ ова не е знак на нормален човек. Живото суштество е контролирано, во секој аспект. Во најмала рака, во неговиот условен живот, тој е контролиран. Така во Бхагавад Гита, Главната тема е за разбирањето на Ишвара, врховниот контролор и за контролираните живи суштества и пракрти, природата, материјалната природа. Следно, времето на постоењето на целиот универзум или оваа манифестација на материјалната природа и траењето на времето или вечното време. И кармата. Карма значи активност. Се, целиот универзум, целата космичка манифестација е преполна со различни активности. Живите суштества особено, тие сите се вклучени во различни активности. Сходно на тоа, ние треба да учиме од Бхагавад Гита, Ишвара, што е Бог, џива, што се овие живи суштества и пракрти, што е оваа космичка манифестација и како е контролирана од времето и кои се овие активности?

Сите овие пет главни предмети, во Бхагавад Гита се воспоставени, од Севишниот Бог или Кришна или Брахман или Параматма...Можете да го наречете како сакате, тој е врховен контролор. Има врховен контролор. И врховниот контролор е најголем од сите. А живите суштества имаат квалитет како врховниот контролор. Врховниот контролор, Господ, има контрола над универзалните работи, над материјалната природа. Како, тоа ќе биде објаснето во подоцнежните поглавја на Бхагавад Гита. Ќе биде објаснето, како оваа материјална природа не е независна. Таа дејствува, под раководство на Севишниот Господ. Оваа материјална природа, која е една од Моите енергии, функционира под моја команда (БГ 9.10). „Оваа материјална природа работи под Моја контрола“ мајадјакшена, „под Мој врховен надзор“.