MK/Prabhupada 1063 - Дајте ни Ослободување од Акциите и Реакциите на сите Активности



660219-20 - Предавањето Вовед во БГ во Њујорк

Како што во сегашниот живот, уживаме во активностите т.е плодовите на нашите активности. Да претпоставиме дека јас сум бизнисмен и сум работел, многу напорно со интелигенција и поради тоа, сум собрал, големо количество на пари на мојата сметка, во банка. Сега јас сум уживател. Слично, претпоставете дека јас го стартував својот бизнис со голема количина на пари, но не успеав, да го направам успешен. Ги изгубив парите. Тогаш, јас сум страдалник. Слично, на секое поле од нашиот живот ние уживаме, ги уживаме резултатите од нашата работа. Ова се нарекува карма.

Овие работи ишвара, џива, пракрти или Севишниот Господ или живите суштества, материјалната природа, вечното време и нашите различни активности, се објаснети во Бхагавад Гита. Од сите овие пет, Господ, живите суштества и материјалната природа и времето, се вечни. Сега, манифестацијата, манифестацијата на пракрти може да биде привремена, но не е лажна. Некои филозофи велат дека оваа манифестација на материјалната природа е лажна, но според философијата на Бхагавад Гита или според философијата на Ваишнавите, не е прифатено дека манифестацијата на овој свет е лажна. Тие прифаќаат дека манифестацијата е вистинска, но привремена. Тоа е како облак кој завзема одредено место на небото кога сезоната на дождови почнува, а после сезоната на врнење, има толку многу зелена вегетација, по целото поле што можеме да забележиме. И штом сезоната на врнење завршува, тогаш облакот исчезнува. Воглавном, постепено, целата вегетација се суши и повторно земјата постанува неплодна. Слично, оваа материјална манифестација, се одвива, во одреден интервал. Тоа ќе го разбереме, ќе го дознаеме од страните на Бхагавад Гита. „Bhūtvā bhūtvā pralīyate“(БГ 8.19),(„...материјалната природа се раѓа...и бива уништена...“). Оваа манифестација постанува фантастична во одреден интервал и повторно исчезнува. Тоа е работата на пракрти. Но, дејствува вечно и затоа пракрти е вечна. Не е лажна. Затоа што Господ ја прифатил, мама пракрти, „Мојата пракрти“ „Apareyam itas tu viddhi me prakṛtiṁ parām“( БГ 7.5),( „Освен оваа инфериорна (материјална) природа, постои уште и Мојата супериорна енергија, живите суштества...“). Оваа материјална природа е одвоена енергија од Севишниот Господ, а живите суштества, се исто така енергија на Севишниот Господ, но тие не се одвоени од него. Тие се во вечна врска. Господ, живите суштества, природата, материјалната природа и времето, тие се вечни. Но, последниот елемент, кармата, таа не е вечна. Ефектите на кармата или активностите на личноста, може да се многу стари. Ние ги страдаме или ги уживаме, резултатите на нашите активности од памтивек, но сеуште не можеме да го промениме резултатот на нашата карма или активност. Тоа ќе зависи од нашето совршено знаење. Ние сме вклучени во различни активности несомнено, но не знаеме каков тип на активности ќе усвоиме, кои ќе ни дадат ослободување од акциите и реакциите од тие активности. Тоа е исто така објаснето, во Бхагавад Гита.

Позицијата на ишвара е врховна свесност. Позицијата на ишвара или Врховниот Бог е врховна свесност. И џивите или живите суштества, кои се парче и парчиња од Врховниот Господ, се исто така свесни. Живото суштество е исто така свесно. Живото суштество е исто така опишано како пракрти, енергија, а и материјалната природа е исто така опишана како пракрти, но помеѓу овие две, само една пракрти, џивите, се свесни. Другата пракрти не е свесна. Тоа е разликата. Затоа, џива пракрти е наречена супериорна, затоа што џивите имаат свесност, слична на Господ. Господ е врховната свесност. Една личност не треба да тврди дека џивата, живото суштество е исто врховна свесност. Не. Живото суштество, не може да биде врховна свесност, во ниеден стадиум на неговата совршеност. Ова е погрешна теорија. Ова е погрешна теорија. Но, тоа е свесно. Тоа е се. Но, тоа не е врховна свесност.