MK/Prabhupada 1064 - Господ Живее Во Центарот на Срцето во Секое Живо Суштество

From Vanipedia
Jump to: navigation, search

Господ Живее Во Центарот на Срцето во Секое Живо Суштество
- Prabhupāda 1064


660219-20 - Lecture BG Introduction - New York

Врховната свесност, ќе биде објаснета во Бхагавад Гита, во поглавјето каде разликата помеѓу џивата и ишвара е објаснета. „Kṣetra-kṣetra-jña“. Оваа kṣetra-jña е објаснета и се однесува на Господ, кој исто така е kṣetra-jña или свесен, а џивите или живите суштества се исто така свесни. Но, разликата е дека, живите суштества се свесни, во нивното ограничено тело, додека Господ е свесен за сите тела. „Īśvaraḥ sarva-bhūtānāṁ hṛd-deśe 'rjuna tiṣṭhati“(БГ 18.61), (Севишниот Господ престојува во срцата на сите живи суштества...). Господ живее, во центарот на срцето на сите живи суштества, затоа Тој е свесен за конкретните психички движења, активности на секоја поединечна џива. Ние, не смееме тоа да го заборавиме. Исто така е објаснето дека Параматмата или Севишната Божја Личност, живее во сечие срце како ишвара, како контролор, Кој дава насока, управува. Тој дава насока. „Sarvasya cāhaṁ hṛdi sanniviṣṭhaḥ“(БГ 15.15), (Јас престојувам во сечие срце...). Тој е сместен во сечие срце и Тој дава насока за делување на живото суштество, според неговите желби. Живото суштество заборава, што треба да прави. Прво, тоа одлучува да дејствува на одреден начин, а потоа, тоa е вплетканo во акциите и реакциите, на својата сопствена карма. Но, откога, ќе напушти еден тип на тело, ќе влезе во друг тип на тело...Исто како што ние се откажуваме од еден тип на облека, за друг тип на облека, истото тоа е објаснето во Бхагавад Гита „vāsāṁsi jīrṇāni yathā vihāya“ (БГ 2.22), (Како што личноста ја отфрла старата облека, така и душата прифаќа нови тела, отфрлајќи ги старите и бескорисни). Исто како што една личност менува различна облека, слично живите суштества ги менуваат различните тела,...т.е душата мигрира, а таа со себе ги носи акциите и реакциите на своите минати активности. Овие активности, може да бидат променети, кога живото суштество е во гуна/режим на доброст, во состојба на здрав разум и разбира кој тип на активности треба да усвои и ако тоа го стори, тогаш целата акција и реакција од неговите минати активности, може да биде променета. Затоа, кармата не е вечна. Од овие пет елементи - ишвара, џива, пракрти, кала и карма - првите четири се вечни, а кармата, поимот карма не е вечен. Свесниот ишвара, врховниот свесен ишвара и разликата помеѓу врховната свесност ишвара или Господ и живото суштество, во сегашните услови, изгледа вака. Свесноста, свесноста и на Господ и на живите суштества е трансцедентална. Не е дека, свесноста е создадена со дружење со грубата материја. Тоа е погрешна идеја. Теоријата дека свесноста се развива, под одредени околности на материјална комбинација не е прифатено во Бхагавад Гита. Тие тоа не го прават. Свесноста може да изгледа како изобличена рефлексија на материјалните околности, исто како што светлоста, која проаѓа низ чаша која има боја, може да изгледа, како да ја има таа боја. Слично, свесноста на Бог, не е под влијание на материјата. Севишниот Господ, Кришна, вели „mayādhyakṣeṇa prakṛtiḥ“ (БГ 9.10), (Оваа материјална природа делува под моја управа...). Кога, тој ќе се спушти во овој материјален свет, Неговата свесност, не е под влијание на материјата. Ако Неговата свесност би била под влијание на материјата, Тој не би бил во состојба, да ги изложи трансцеденталните субјекти на знаење, во Бхагавад Гита. Една личност не може ништо да каже за трансцеденталниот свет, без да биде ослободена, од материјално загадената свесност. Така да, Господ не е материјално контаминиран. Но, нашата свесност, во сегашниот момент е загадена од материјата. Целата суштина, како Бхагавад Гита поучува е дека требаме да ја прочистиме материјално загадената свесност и во таа чиста свесност, активностите/акциите може да бидат извршени. Тоа ќе не направи среќни. Не можеме да ги прекинеме нашите активности. А тоа значи дека, нашите активностите треба да бидат прочистени. И овие прочистени активности, се наречени бхакти. Активностите во бхакти изгледаат исто како обични активности, но не се контаминирани активности. Тие се прочистени активности. Личност која не знае, може да види дека посветеникот работи како и обичниот човек, но личност која има сиромашен фонд на знаење, не знае дека активностите на посветеникот или активностите на Господ, не се контаминирани од нечистата свесност на материјата, нечистотијата на трите гуни, режими на природата, туку тие се под влијание на трансцедентална свесност. Така да треба да знаеме дека нашата свесност е материјално контаминирана.