MK/Prabhupada 1072 - Напуштајќи го овој Материјален Свет, Добиваме Вечен Живот, во Вечното Царство



660219-20 - Lecture BG Introduction - New York

Божјото присуство е кога Бог со својата беспричинска милост Себеси ќе се представи во Неговиот Шјамасундар - рупа облик. За жал, помалку интелигентните луѓе Му се подсмеваат. „Avajānanti māṁ mūḍhā“ (БГ 9.11), ( „Будалите ми се подсмеваат, кога ќе се појавам во човечки облик...“). Без разлика што Господ се појавува како еден од нас и со нас си игра како човечко суштество, ние сеуште не треба да мислиме дека Господ Бог е еден од нас. Поради неговата моќ, Тој се представува Себеси во својата вистинска форма пред нас и ги прикажува Неговите забави, кои се само прототип на забавите во Неговото лично пребивалиште. Во пребивалиштето на Господ и брахма - џотирот, има неброен број планети. Како што имаме, неброен број планети кои лебдат на сончевите зраци, слично и брахма - џотирот, еманира од пребивалиштето на Севишниот Господ, Кришналока, Голока, а над него се наоѓаат сите тие духовни планети. „Аnanda-cinmaya-rasa-pratibhāvitābhis“ ( БС 5.37 ), ( „Кришна и Неговите верни пратители се сочинети од иста духовна моќ, енергија...“). Тие се ананда - чинмаја, тие не се материјални планети. И Господ вели „na tad bhāsayate sūryo na śaśāṅko na pāvakaḥ, yad gatvā na nivartante tad dhāma paramaṁ mama“ (БГ 15.6), ( „Тоа Мое пребивалиште не е осветлено ни со сонце, ни со месец, а ни со електрицитет...Личноста, која ќе го достигне - никогаш повеќе не се враќа во материјалниот свет...“). Секој што ќе дојде на духовното небо, нема да се врати назад во материјалниот свет. Се додека сме во материјалното небо, кое ја вклучува и месечевата планета..., која е најблиска планета до Земјата, дури и да стигнеме и до највисоката планета, која се нарекува Брахмалока, таму сеуште ги имаме мизериите на материјалниот живот, мизериите на раѓањето, смртта, староста и болеста. Не постои планета во материјалниот универзум, на која не важат четирите принципи/мизерии на материјалното живеење. Бог затоа вели во Бхагавад Гита „ābrahma-bhuvanāl lokāḥ punar āvartino 'rjuna“ (BG 8.16), ( „Од највисоката до најниската планета во материјалниот свет - се се тоа мизерни места каде раѓањето и смртта се повторуваат...“). Живите суштества патуваат од една планета на друга. Ние, едноставно, не можеме да одиме на други планети, со обичен механички ангажман на Спутник/вселенски брод. Секој, што посакува да оди на друга планета, постои процес. „Yānti deva-vratā devān pitṟn yānti pitṛ-vratāḥ“ (BG 9.25), ( „Оние кои ги обожаваат полубоговите - се раѓаат помеѓу нив, оние кои ги обожаваат предците - одат кај нив...“). Ако некој сака да оди на друга планета, да кажеме месечевата планета, не треба да се обидува да оди со Спутник/вселенски брод. Бхагавад Гита ни дава упатства за тоа, „Yānti deva-vratā devān“. Овие месечеви планети или сончеви планети или планетите над Бхулока ( Земјата ), се наречени Сваргалока. Сваргалока. Бхулока, Бхуварлока, Сваргалока. Има различни планети со различни статуси. На пример Девалока, е позната како планета на полубоговите. Бхагавад Гита дава многу едноставна формула како може да се оди на повисоките планети, Девалока. „Yānti deva-vratā devān“. „Yānti deva-vratā devān“. „Ако ги обожува полубоговите - личноста се раѓа меѓу нив“. Дева-врата, ако практикуваме процес на обожување одреден полубог, тогаш можеме да одиме на одредена планета. Можеме да одиме на сончевата планета, можеме да одиме на месечевата планета, можеме да одиме на рајските планети, но Бхагавад Гита не не советува да одиме на било која од планетите од материјалниот свет, затоа што ако одиме на Брахмалока, највисоката планета, до нејзе по пресметката на модерната наука би ни требало да патуваме со вселенски брод 40,000 години. Не е возможно да се живее 40,000 години и да се достигне највисоката планета на овој материјален универзум. Но, ако една личност го посвети својот живот, на еден одреден полубог, таа личност може да ја достигне таа одредена планета, како што е изјавено во Бхагавад Гита: „Yānti deva-vratā devān pitṟn yānti pitṛ-vratāḥ“ (БГ 9.25), ( „Оние кои ги обожаваат полубоговите - се раѓаат помеѓу нив, оние кои ги обожаваат предците - одат кај нив...“). Слично, на тоа постои Питрилока - Планета на предците. Заклучокот е дека оној кој сака да ја достигне врховната планета,...може да ја достигне врховната планета. А под врховна планета се подразбира Кришналока. На духовното небо постои неброен број планети, санатана планети, вечни планети, кои никогаш не се уништуваат, разоруваат. Но, од сите тие духовни планети, има една планета, изворна планета, која е наречена Голока Вриндаван. Сите овие информации ги има во Бхагавад Гита и нам ни е дадена можност, за напуштање на овој материјален свет и добивање на вечен живот во вечното кралство.