MK/Prabhupada 1075 - Се Подготвуваме за Нашиот Следен Живот според Нашите Активности во Овој Живот



660219-20 - Lecture BG Introduction - New York

Господ вели: „Anta-kāle ca mām eva smaran muktvā kalevaram“(БГ 8.5), ( „Било која личност - која во време на смртта го напушти телото сеќавајќи се на Мене - одеднаш ја достигнуваат Мојата природа...“). Оној кој ќе го напушти ова материјално тело, едноставно сеќавајќи се на Господ Кришна, Севишната Божја Личност, тој во истиот момент, добива духовно тело сат-чит-ананда-виграха ( БС 5.1 ), ( „Тело кое е сочинето од вечност, знаење и блаженство...“). Процесот на напуштањето на ова тело и добивањето на друго тело, во овој материјален свет е организирано. Човекот го напушта своето тело, откога ќе се одлучи која форма на тело ќе ја прифати во следниот живот. Таа одлука ја носат, повисоките авторитети. Како што на основа на нашата служба, ние сме промовирани или деградирани. Така е и со нашите активности. Активностите во овој живот се основна подготовка за следниот живот. Се подготвуваме за следниот живот, преку активностите во овој живот. Ако се подготвиме, во овој живот за царството Божје, тогаш сигурно, после напуштањето на ова материјално тело, ќе го достигнеме...Господ вели yaḥ prayāti, личноста која го напушта материјалното тело, сеќавајќо се на мене, sa mad-bhāvaṁ yāti (БГ 8.5), mad-bhāvaṁ ( „Без сомнеж ја достига Мојата природа...“). Таа личност го добива духовното тело, налик на Господовото, составено од истоветна духовна природа. Секако, има различни типови на трансцеденталисти, како што е објаснето погоре. Брахмавади, паратмавади и оние кои се посветени на Бог. Во духовното небо или во брахма - џотирот има духовни планети, неброен број духовни планети, за кои веќе дискутиравме. И бројот на тие планети е далеку поголем, од сите универзуми во овој материјален свет. Овој материјален свет е ekāṁśena sthito jagat (БГ 10.42), ( „Само со еден единствен, Мој дел - Јас го осветлувам и одржувам овој целокупен универзум...“). Овој материјален свет е само една четвртина од вкупната креација. Три четвртини од вкупната креација е духовниот свет, а во една четвртина од оваа креација има милиони универзуми, како овој, од кој имаме искуство во овој сегашен момент. Во секој тој универзум има милиони и билиони планети. Има милиони и билиони/милијарди сонца и ѕвезди и месечини, во сиот овој материјален свет, но целиот овој материјален свет е всушност само една четвртина Манифестација од целата Креација. Три четвртини на манифестирана креација се наоѓаат на духовното небо. Зборот mad-bhāvaṁ значи оној кој сака да се стопи со егзистенцијата на Врховниот Брахман, а тие всушност се стопуваат со брахма-џотирот на Севишниот Господ. Mad-bhāvaṁ („Мојата Вечна Природа“) го вклучува брахма-џотирот, како и духовните планети во брахма-џотирот. Оние посветеници, кои сакаат да уживаат во друштвото на Господ, влегуваат во Ваикунта духовните планети. Има неброен број на Ваикунта планети, а Господ, Севишниот Господ Шри Кришна, во вид на Неговите потполни и неограничени експанзии, како Нарајан со четири раце и со различни имиња како Прадјумна, Анирудха, Мадхава, Говинда,...таму се дружи со душата, која Нему му е предадена. Има безброј имиња за овој облик на Нарајан, со четири раце. Сите тие планети се mad-bhāvaṁ, што значи дека сите тие се дел од духовната природа на Господ. Така да, секој трансцеденталист кој на крајот на својот живот или мисли на брахма-џотирот или медитира на Параматмата или мисли на Севишната Божја Личност Шри Кришна, во секој од тие случаеви, тој влегува во духовното небо. Но, само посветениците кои практикувале личен контакт со Севишниот Бог, само тие влегуваат на Ваикунта планетите или планетата Голока Вриндаван. Господ вели „yaḥ prayāti sa mad-bhāvaṁ yāti nāsty atra saṁśayaḥ“ (БГ 8.5), ( „Оној кој се сеќава на мене во време на неговата смрт, ја достигнува Мојата природа, без никаков сомнеж“ ). Во тоа нема сомнеж. Една личност не треба да не верува. За тоа всушност се работи. Ако ја читате Бхагавад Гита низ целиот живот и кога Господ ќе каже нешто, што не се вклопува во нашата имагинација/фантазија, ние тоа го отфрламе. Тоа не е начин да се чита Бхагавад Гита. Како што Арџуна рекол „sarvam etaṁ ṛtam manye“ (БГ 10.14), ( „О Кришна го прифаќам како гола вистина сето она што Ти го кажа...“), „Верувам во се што Ти кажа“. Слично на тоа треба да се послуша. Господ вели дека кој во време на смртта, мисли на Него како на Брахман или Параматма или Божја Личност, секако влегува на духовното небо и нема сомнеж во тоа. Личноста треба да верува на ова. И општото правило на тој процес е изнесено во Бхагавад-гита, како една личност е можно да влезе на духовното небо едноставно размислувајќи за Севишниот, во време на неговата смрт. Тој генерален процес е исто така споменат: „yaṁ yaṁ vāpi smaran bhāvaṁ tyajaty ante kalevaram“ (БГ 8.6), ( „На каква год состојба, личноста се сеќава во моментот на напуштање на своето тело...“), „taṁ tam evaiti kaunteya sadā tad-bhāva-bhāvitaḥ“ (БГ 8.6), ( „...таа иста состојба, без сомнеж ќе ја достигне“ ).