MK/Prabhupada 0236 - Брахмана, Санјаси можат да Просат за Милостина, но не и Кшатрија, не и Ваишија



Lecture on BG 2.4-5 -- London, August 5, 1973

Затоа, Чаитанја Махапрабху рече дека viṣayīra anna khāile malīna haya mana (CC Antya 6.278). Ваквите големи личности се помрачија затоа што земаа пари од нив. Ако за мене се грижи некој кој е премногу материјалист, тогаш тоа ќе влијае на мене. Ќе станам исто така материјалист. Ќе станам исто така материјалист. Чаитанја Махапрабху предупреди дека „Оние кои се ваишии, оние кои не се посветеници, не прифаќај ништо од нив бидејќи тоа ќе ти го направи умот нечист“. Затоа, брахмана и Ваишнава, тие не прифаќаат директно пари. Тие прифаќаат бхикша. Bhikṣā, bhikṣā можеш... Исто како што овде се вели bhaikṣyam. Śreyo bhoktuṁ bhaikṣyam apīha loke (BG 2.5). Кога ќе прашате некого... Сепак, bhikṣā понекогаш е исто така забранета од личност која е премногу материјалистичка. Но, bhiksha е дозволено за sannyāsīs, за brahmaṇa. Затоа Арџуна зборува „Наместо да убива, толку возвишени гуруи кои се толку возвишени личности, маханубхаван...“ Значи бхаикшјам. За кшатрија... Брахмана, санјаси може да просат, може да просат за милостина, но не и кшатрија, не ваишиа. Тоа не е дозволено. Само... Тој беше кшатрија, Арџуна. Затоа, тој вели: „Подобро да ја земам професијата на брахман, и да проси од врата до врата, наместо да уживам во царството убивајќи го мојот гуру“. Тоа беше неговиот предлог. Во главно, Арџуна е во илузија - илузија во смисла дека заборава на својата должност. Тој е кшатрија, негова должност е да се бори; не сметајќи ја спротивната страна, дури и тој е син, Кшатрија нема да се двоуми да го убие дури и својот син ако е непријател. Слично, синот, ако таткото е непријател, не би се двоумел да го убие својот татко. Ова е строга должност на кшатриите, без обѕир. Кшатрија не може да размислува така. Затоа Кришна рече, клаибјам: „Не биди кукавица. Зошто стануваш кукавица? Овие теми се во тек. Подоцна, Кришна ќе му даде вистинска духовна поука. Ова е... Се водат обични разговори помеѓу пријател и пријател.

Тоа е се. Ви благодарам.