MK/Prabhupada 0170 - Треба да ги следиме Госвамите

Revision as of 12:01, 30 June 2016 by Tatjana (talk | contribs) (Created page with "<!-- BEGIN CATEGORY LIST --> Category:1080 Macedonian Pages with Videos Category:Prabhupada 0170 - in all Languages Category:MK-Quotes - 1976 Category:MK-Quotes...")
(diff) ← Older revision | Latest revision (diff) | Newer revision → (diff)


Invalid source, must be from amazon or causelessmery.com

Lecture on SB 1.7.8 -- Vrndavana, September 7, 1976

Оваа saṁhitā…Saṁhitā значи Ведска литература. Има многу никаквеци кои велат: „Бхагавад гита не била напишана од Вјасадева туку од некојси Бопадева”. Така велат. Мајавадии, Ниришваравадиите. Иако како Ниришваравади односно Мајавади водач Шанкарачарја напишал коментар на Бхагавад гита, тој не можел да го допре Шримад Бхагаватам, бидејќи во Шримад Бхагаватам сè е толку убаво опишано, kṛtvānukramya, така што не е возможно за Мајавадиите да докажат дека Бог е безличен. Неможат да го сторат тоа. Денес тие го читаат Бхагаватам на свој начин, но тоа не може да заинтересира ниеден разумен човек. Јас сум видел како голем Мајавади објаснува еден стих од Шримад Бхагаватам, велејќи: „Бидејќи сте Бог, ако сте вие задоволни, тогаш Бог е задоволен”. Тоа е нивната филозофија. „Нема потреба посебно да го задоволите Бог, ако сте вие задоволни пиејќи вино, тогаш Бог е задоволен”. Ова е нивното толкување.

Затоа Чаитанја Махапрабу го осуди ова Мајавади толкување. Чаитанја Махапрабу рече, māyāvādi-bhāṣya śunile haya sarva-nāśa (CC Madhya 6.169). Māyāvādī kṛṣṇe aparādhī. Тој едноставно рече. Без компромис. Мајавадиите се големи навредувачи на Кришна. Tān ahaṁ dviṣataḥ krūrān (BG 16.19), Кришна исто така вели. Тие многу, многу му завидуваат на Кришна. Кришна е dvi-bhuja-muralīdhara, śyāmasundara, а Мајавадито објаснува дека: „Кришна нема раце, нема нозе. Сето тоа е измислица.” Тие не знаат колку е тоа навредливо. Но за да ги предупреди оние како нас, Чаитанја Махапрабу едноставно предупреди: „Не одете кај Мајавадии”. Māyāvādi-bhāṣya śunile haya sarva-nāśa. Māyāvādī haya kṛṣṇe aparādhī. Ова е изјавата на Чаитанја Махапрабху.

Затоа треба да бидете многу, многу внимателни. Не одете да слушате било кој Мајавади. Има многу Мајавадии во облека на Ваишнави. Шри Бактивинод Такур во врска со нив објасни, ei 'ta eka kali-celā nāke tilaka gale mālā, „Еве следбеник на Кали. Иако тој има тилак на носот и Туласи ѓердан на вратот, тој е kali-celā”. Ако е Мајавади, sahaja-bhajana kache mama saṅge laya pare bala. Овие нешта се присутни. Дојдовте во Вриндаван. Бидете внимателни, многу внимателни. Māyāvādi-bhāṣya śunile (CC Madhya 6.169). Има многу Мајавадии овде, многу таканаречени tilaka-mālā, но не знаете што има внатре. Но големите ачарји можат да дознаат.

śruti-smṛti-purāṇādi
pañcarātra-vidhiṁ vinā
aikāntikī harer bhaktir
utpātāyaiva kalpate
(Brs. 1.2.101)

Тие создаваат само вознемирување. Затоа треба да ги следиме Госвамиите, литературата на Госвамиите, особено Бакти расамрита синду, којашто ја преведовме во Нектарот на посветеноста, секој од вас треба многу внимателно да чита и да напредува. Немојте да бидете жртви на таканаречениот Ваишнава - Мајавади. Тоа е многу опасно.

Затоа е речено, sa saṁhitāṁ bhāgavatīṁ kṛtvānukramya cātma-jam. Тоа е многу доверлива тема. Тој го подучи Шукадев Госвами.