MK/Prabhupada 0207 - Немојте да Живеете Неодговорно

Revision as of 10:34, 3 November 2021 by TariniKalindi (talk | contribs) (Created page with "<!-- BEGIN CATEGORY LIST --> Category:1080 Macedonian Pages with Videos Category:Prabhupada 0207 - in all Languages Category:MK-Quotes - 1975 Category:MK-Quotes...")
(diff) ← Older revision | Latest revision (diff) | Newer revision → (diff)


Lecture on SB 6.1.16 -- Denver, June 29, 1975

Разговараме за процесот на прочистување. Опишани се различни методи, со pāyaścitta и со tapasya. За тоа разговаравме. А потоа kevalayā bhakta. Бхакти вклучува сè - карма, гјана, јога, сè. И специјално се препорачува, а со строгости и други методи, постои можност, но може нема да биде успешна. Но, ако го усвоиме овој процес, побожна служба, тогаш тоа е сигурно. Овој процес на прочистување значи nivṛtti-mārga. А pravṛtti-mārga значи без никакво знаење каде одиме, брзајќи - правиме се, што сакаме. Тоа се нарекува pravṛtti-mārga. Луѓето генерално се занимаваат со pravṛtti-mārga. Особено во оваа доба, не им е грижа што ќе се случи следно. Затоа чувствуваат олеснување со „Нема живот после смртта. Дозволете ни да уживаме во овој живот најдобро што можеме. Потоа, по смртта, неважно е што ќе дојде“. Како прво, тие негираат да веруваат во следниот живот. Па дури и да има следен живот, па дури и да станам мачка и куче, не им пречи. Ова е искуство на модерното време, неодговорен живот.

Но, нашето движење за свесност за Кришна ги учи луѓето „Немојте да живеете неодговорно“. На пример, може да кажете: „Таму нема живот“. Но, ако го ставам аргументот „Да претпоставиме дека има живот...“ Сега и ова е претпоставка, бидејќи никој...Тие што се во незнаење, не знаат дали има живот или нема живот. Значи, вие се расправате: „Нема живот“, но не знаете дали постои живот. Тоа не го знаете. Значи, да претпоставиме дека треба да ги преземете двата начина и да размислите за тоа... Едноставно мислиш од гледна точка дека нема живот. Сега, зошто не го прифатиш мојот предлог „Ако има живот“? Затоа што не си сигурен дали има живот. Велиме дека има живот. Го земаме примерот: исто како што ова дете го доби својот нов живот. Детето може да каже: „Нема живот после смртта“. Но, всушност тоа не е факт. Факт е, дека има живот. Детето ќе го смени ова тело и ќе стане момче. И момчето ќе го смени ова тело; тој ќе стане млад човек. Тоа е факт. Но, ако тврдоглаво тврдиш дека нема живот... Тоа можеш да го кажеш. Но, земи го овој аргумент: ако има живот, тогаш колку со својата неодговорност го правиш твојот иден живот толку мрачен? Истиот пример: ако детето не оди на училиште, не се образува, ако мисли: „Нема друг живот освен овој живот, ќе играм цел ден. Зошто да одам на училиште?“ тој може да каже така, но има живот, и ако не се образува, во следниот живот, кога е млад човек, ако не е ставен на добра позиција, тогаш страда. Ова е неодговорен живот.

Значи, пред да го добиеме следниот живот, мора да бидеме ослободени од сите претходни грешни животи. Во спротивно нема да имаме подобар живот. Особено ако личноста сака да се врати дома, кон Севишниот Бог, прво треба да ги неутрализира сите грешни активности во овој живот. Вo Бхагават гита ќе најдеш:

yeṣām tv anta-gataṁ papaṁ
janānāṁ puṇya-karmaṇāṁ
te dvandva-moha-nirmuktā
bhajante māṁ dṛḍha-vratāḥ
(БГ 7.28)

Да се стане верен посветеник на Кришна, совршен посветеник на Кришна, значи дека се ослободил од сите реакции на грешниот живот. Yeṣām ant-gataṁ pāpam. Нема веќе да правите грешни дела. И сите грешни дела што ги направил во претходниот живот, тоа е сè поништено. Тоа е исто така поништено. Нема повеќе реакција. Yeṣām tu anta-gataṁ papaṁ janānāṁ puṇya-karmaṇām. Луѓето се занимаваат или со грешни активности или со побожни активности. Оние кои не само што ги неутрализирале сите минати грешни активност туку во овој момент, ако само се занимаваат со побожни активности, таквата личност, yeṣāṁ tu anta-gataṁ papaṁ janānāṁ puṇya-karmaṇām, te, таквата личност, dvandva-moha-nirmuktā, без никакво двоумење, без никакво сомневање, bhajante māṁ dṛḍha-vratāḥ. Тоа е кога секој што е ангажиран во службата на Кришна со цврсто уверување и посветеност, треба да се разбере дека тој сега е ослободен од секаква реакција на грешни активности.