MK/Prabhupada 0318 - Дојди до Светлината

Revision as of 08:13, 10 December 2021 by Vanibot (talk | contribs) (Vanibot #0005: NavigationArranger - update old navigation bars (prev/next) to reflect new neighboring items)
(diff) ← Older revision | Latest revision (diff) | Newer revision → (diff)


Lecture on BG 4.22 -- Bombay, April 11, 1974

Ваишнава никогаш не е matsaraḥ. Matsaraḥ значи.... Опишано е од Шридхара Свами. Matsaratā parā utkarṣaṇam asahanam. Материјалниот свет е таков што ако твојот, дури и сопствениот брат стане успешен, ти ќе му завидуваш: „Ох, брат ми стана толку успешен, јас не можев“. Ова е природно. Љубомора. Бидејќи љубомората започна од Кришна, „Зошто Кришна да биде уживателот? И јас ќе уживам“. Оваа љубомора започна. Затоа целиот материјален свет е полн со љубомора. Јас сум ти љубоморен, ти си ми љубоморен . Ова е работа на материјалниот свет. Овде се вика vimatsaraḥ, без љубомора. Како може некој да биде нељубоморен ако не е посветеник на Кришна? Мора да е љубоморен. Тоа е природата.

Затоа, Шри Бхагавата вели дека dharmaḥ projjhita-kaitavo 'tra paramo nirmatsarāṇām, vāstavaṁ vastu vedyam atra (ШБ 1.1.2). Дарма... Има многу религиозни системи. Постои љубомора. Таканаречен религиозен систем, колење на животните. Зошто? Ако сте толку широкоумни и ако го гледате насекаде Нарајана, зошто ги колете козите или кравите или другите животни? Треба да бидете милостиви и кон нив. Но, таа милостивост не може да се покаже без да се биде посветеник, vimatsaraḥ. Nirmatsaraḥ.

Затоа таканаречениот религиозен систем кој е полн со matsaratā, љубомора, тоа се нарекува kaitava-dharma, мамење во име на религијата. Оваа свесност за Бога не е религија која мами. Тоа е многу широкоумно. Titikṣavaḥ kāruṇikāḥ suhṛdaḥ sarva-bhūtānām (ШБ 3.25.21). Ова движење за свесност за Кришна значи дека секој сака да стане пријател со секого. Во спротивно, ако некој свесен за Кришна не се чувствува така, зошто треба да се мачи да ја проповеда свесноста за Кришна низ целиот свет? Vimatsaraḥ. Треба да се разбере дека свесноста за Кришна е толку убава, дека секој треба да го вкуси, секој треба да земе дел од него.

Свесноста за Кришна значи божја свесност. Затоа што луѓето страдаат поради недостаток на свесност за Бога. Тоа е причината за страдањето.

Kṛṣṇa-bahirmukha hañā bhoga vāñchā kare
nikaṭa-stha māyā tāre jāpaṭiyā dhare
(Prema-vivarta)

Ова е формулата. Штом го забораваме Кришна, веднаш доаѓа маја. Исто како сончевата светлина и сенката, тие стојат рамо до рамо. Ако не останеш на сонце, тогаш доаѓаш во сенка, темнина. И ако не останеш во темнина, дојди до светлината. Слично на тоа, ако не ја прифатиме свесноста за Кришна, тогаш треба да ја прифатиме свесноста на маја. И ако не ја прифатиме свесноста на маја, тогаш треба да ја прифатиме свесноста за Кришна. Еден до друг.

Свесноста за Кришна значи да не се остане во темната свесност. Tamasi mā jyotir gama. Тоа е ведската инструкција „Не останувај во темнината“. И каква е таа темнина? Темнината е телесен концепт на животот.