MK/Prabhupada 0014 - Посветениците се многу возвишени
The Nectar of Devotion -- Calcutta, January 30, 1973
За посветеникот, Кришна е помеѓу дланките на посветеникот. Ajita, jito 'PY asau. Иако Кришна не може да биде освоен, но тој сака да биде освоен од неговиот посветеник. Тоа е позиција. Исто како кога Тој доброволно се стави себеси да биде освоен од мајката Јашода, да биде освоен од Радхарани, да биде освоен од Неговите пријатели. Кришна беше поразен и тој мора да го носи Неговиот пријател на рамо.
Практично, понекогаш гледаме дека кралот чува кловн меѓу неговите соработници, а понекогаш кловнот го навредува кралот, а кралот ужива. Кловнот понекогаш ... Исто како, таму е еден познат комичар, Гопала Бон, во Бенгал. Така, еден ден кралот го праша: "Гопала, што е разликата помеѓу тебе и задникот?" Па тој веднаш го измери растојанието од кај кралот. Тој рече: "Тоа е само три стапки, господине. Разликата е само три стапки. " Така, сите почнаа да се смеат. И кралот уживаше во навредата. Затоа што понекогаш тоа е потребно.
Така, Кришна исто така, ... Сите го фалат Него во воздигната положба. Сите. Тоа е позицијата на Кришна - на Севишниот Господин. Во Ваикунтха, постои само воздигнување. Не постои такво нешто. Но во Вриндавана, Кришна е слободен да го прифати навредувањето од неговиот посветеник. Луѓето не го знаат тоа, што е животот во Вриндаван. Така, посветениците се многу воздигнати. Радхарани нареди, "Не дозволувајте Кришна да дојде тука." Кришна не може да влезе. Тој ги замоли другите гопии: "Ве молам, дозволете Ми да влезам таму." "Не, не. Не постои наредба. Вие не може да влезете." Така, Кришна го сака тоа.