MK/Prabhupada 0036 - Целта на нашиот живот
Lecture on BG 2.1-11 -- Johannesburg, October 17, 1975
Кога ќе постанеме збунети од овие материјални настани и не знаеме што да правиме, а што не, тоа е добар пример, да тој момент мораме да пристапиме на гуру. Тоа можеме да го видиме од следното упатство. Pṛcchāmi tvāṁ dharma-sammūḍha-cetāḥ. Затоа што, кога сме збунети, не разликуваме религиозно од нерелигиозно и не ја користиме правилно нашата природна позиција. Тоа е kārpaṇya-doṣopahata-svabhāvaḥ (БГ 2.7). Тоа е моментот кога ни е потребен Гуру. Тоа е Ведска инструкција. Tad-vijñānārthaṁ sa gurum evābhigacchet śrotriyaṁ brahma-niṣṭham (МУ 1.2.12). Тоа е наша должност. Тоа е вистинска цивилизација. Ние се среќаваме со толку многу проблеми во животот. Тоа е природно.
Во овој материјален свет, проблемот на живеење е проблем во животот. Padaṁ padaṁ yad vipadām (ШБ 10.14.58). Материјален свет значи дека опасноста демне на секој чекор. Тоа е материјален свет. Затоа и треба да бидеме водени од Гуру, Духовен учител, кој ја знае тајната на духовното напредување. Тоа ќе го објасниме подоцна дека целта на нашиот живот, бар во оваа човечка форма на живот, во цивилизацијата на Аријци е да ја разбереме нашата уставна позиција "Кој сум јас, Што сум јас ?" Ако не разберам "Што сум јас", тогаш јас сум ист како мачките и кучињата. Мачките и кучињата, тоа не го знаат. Тие мислат дека се ова тело. Тоа исто така ќе биде објаснето.
Значи, во оваа состојба на постоење, кога ќе станеме збунети, а ние всушност сме збунети секој момент, потребно е да му пристапиме на веродостоен Гуру, Духовен учител. Сега, Арџуна му пристапи на Кришна, првокласен гуру. Врвен Духовен Учител. Гуру значи "Севишен Господ Бог". Тој е сечиј Гуру т.е "парама гуру". И секој кој го представува Кришна, се смета за Гуру. Тоа ќе биде објаснето во Четвртото поглавје. Evaṁ paramparā-prāptam imaṁ rājarṣayo viduḥ (БГ 4.2). Кришна ни дава пример за предавање на Бога и прифаќање на Гуру, Духовен учител. Кришна е тука, во Бхагавад Гита и треба да го прифатите Него или Неговиот представник, како Гуру. Тогаш, Вашите проблеми ќе бидат решени. Тоа не е изводливо со било која друга метода, затоа што само Севишниот Бог може да ти каже што е добро за тебе, а што не. Арџуна прашува "yac chreyaḥ syān niścitaṁ brūhi tat" (БГ 2.7). Niścitam. Ако сакате совет, инструкција, "совет" над секој сомнеж, без било каква илузија, совет без грешка, без измама, тоа се нарекува "niścitam". Тоа може да го добиете од Кришна или од Негов представник. Вистинска информација не можеш да добиеш од несовршена личност или некој измамник. Тоа не би била вистинска информација.
Во денешно време, стана мода секој да се однесува како Гуру и да дава свое сопствено мислење "Јас мислам", "Според мое мислење". Тоа не е Гуру. Гуру значи учител кој изнесува факти од шастрите, светите книги. "Yaḥ śāstra-vidhim utsṛjya vartate kāma-kārataḥ" (БГ 16.23). Секоја личност која не приложува доказ, од шастрите, светите книги, се вели во истиот стих "na siddhiṁ sa avāpnotina", таа личност не постигнува успех, никакво совршенство, "na sukham", ни во материјалниот свет, "na parāṁ gatim", а што да речеме за воздигнувањето, во следниот живот. Тоа се законите/одредбите на шастрите.