MK/Prabhupada 0040 - Еве Една Врховна Личност

Revision as of 16:28, 13 November 2015 by Tatjana (talk | contribs) (Created page with "<!-- BEGIN CATEGORY LIST --> Category:1080 Macedonian Pages with Videos Category:Prabhupada 0040 - in all Languages Category:MK-Quotes - 1975 Category:MK-Quotes...")
(diff) ← Older revision | Latest revision (diff) | Newer revision → (diff)


Invalid source, must be from amazon or causelessmery.com

Lecture on BG 16.8 -- Tokyo, January 28, 1975

Постојат милиони и милиони и трилиони живи суштества, а Тој претстојува во секое срце. "Sarvasya cāhaṁ hṛdi sanniviṣṭo mattaḥ smṛtir jñānam apohanaṁ ca" (БГ 15.15). Тој така управува. Затоа, ако мислиме дека Тој е контролор како нас, тоа е наше погрешно мислење. Тој е контролор. Постои контролор. Тој управува со неограничено знаење, со неограничен број помошници и со неограничен број моќи. Имперсоналистите не можат да замислат дека личноста може да биде толку неограничено моќна. Затоа постанале имперсоналисти. Тие не можат тоа да си го представат на себе. Имперсоналистите не можат тоа да го замислат. Тие замислуваат "Кога некој е личност, тој е личност како мене. Јас не можам тоа да го сторам. Поради тоа, ни Тој тоа не може да го стори." Затоа тие се mūḍha. Avajānanti māṁ mūḍhāḥ (БГ 9.11). Тие го споредуваат Кришна со себе. Како што тој е личност и Кришна е личност. Тој тоа не го знае. Ведите не информираат дека "Иако Тој е личност, Тој ги одржува сите неограничени личности". Тие тоа не го знаат. Eko yo bahūnāṁ vidadhāti kāmān. Да, Тој, една единствена личност одржува многу милиони, многу милиони, трилиони личности. Сите ние, секој од нас, сме личности. Јас сум личност. Ти си личност. Мравката е личност. Мачката е личност. Кучето е личност и инсектот е личност. Дрвата се личности. Сите се личности. Секој е личност. А постои уште една личност. Тоа е Бог, Кришна. Таа една личност ги одржува сите видови на милиони и трилиони личности. Тоа е Ведско..."Eko yo bahūnāṁ vidadhāti kāmān, nityo nityānāṁ cetanaś cetanānām" ( Катха Упанишад 2.2.13 ). Тоа е информација.

Затоа, Кришна исто така вели во Бхагавад Гита, "ahaṁ sarvasya prabhavo mattaḥ sarvaṁ pravartate iti matvā bhajante māṁ... " (БГ 10.8). Поради тоа бхактата, кога темелно ќе сфати дека "Постои една Врховна личност, која е лидер, која е контролор, која е одржувач на се", тогаш Му се предава и постанува Негов посветеник.