MK/Prabhupada 0013 - Дваесет и четири часа ангажираност
Lecture on BG 2.49-51 -- New York, April 5, 1966
Yogaḥ karmasu kauśalam. Kauśalam значи експерт трик, експерт трик. Исто како кога двајца луѓе работат. Едниот човек е голем стручњак; другиот човек не е толку голем стручњак. Дури и во машинеријата. Има нешто погрешно во машината. Човекот кој не е голем стручњак, тој пробува цел ден-ноќ како да се приспособи тоа, но стручњакот доаѓа и веднаш гледа каде е грешката и тој ја приклучува жицата, на овој начин и на оној начин, и машината почнува да работи Хрзум, хрзум, хрзум, хрзум, хрзум, хрзум. Гледаш? Исто така ние понекогаш, ние наоѓаме потешкотии со нашиот, овој магнетофон и г-дин Карл или некој друг доаѓа и го поправа. Така за се е потребно одредено стручно знаење.
Така карма, карма значи работа. Ние треба да работиме. Без работа дури и нашите, ова тело и душата неможат да одат. Тоа е многу погрешна претстава дека оној кој е за духовно спознание, тој не треба да работи. Не, тој треба да работи повеќе. Луѓето што не се за духовно спознавање, тие може да бидат ангажирани со работа само осум часа , но оние што се ангажирани за духовно спознавање, ох, тие се агражирани дваесет и четири часа, дваесет и четири часа. Тоа е разликата. И дека разликата е во... Ќе го најдете тоа на материјалната ниво, на телесното сфаќање на животот, ако работите само осум часа, ќе се чувствувате изморено.
Но духовната цел, ако работите повеќе од дваесет и четири часа... За жал, вие немате повеќе од дваесет и четири часа на располагање. Сепак, вие не ќе чувствувате замор. Ви кажувам. Ова е моето практично искуство. Ова е моето практично искуство. И јас сум тука, секогаш работам, нешто читам или пишувам, нешто читам или пишувам, дваесет и четири часа. Едноставно, кога ќе почувствувам глад, јас земам малку храна. И едноставно кога се чувствувам сонлив, јас одам во кревет. Инаку, секогаш, јас не чувствувам замор. Можете да го прашате г-дин Пол дали јас не го правам тоа. Па јас, јас уживам да го правам тоа. Јас не чувствувам замор. Слично, кога некој ќе ја има таа духовна смисла, тој нема да чувствува... Наместо тоа, тој ќе, тој ќе чувствува одвратност да оди на спиење, да оди на спиење, "Ох, спиењето доаѓа само за да вознемирува." Гледаш? Тој сака да се намали времето на спиење. Потоа... Сега, како што се молиме, vande rūpa-sanātanau raghu-yugau śrī-jīva-gopālakau. Овие шест Госвами, тие беа назначени од Господинот Чаитанја да разговараат за оваа наука. Тие имаат напишано огромна литература за тоа. Гледаш? Па ќе бидете изненадени дека тие спиеа само час и половина дневно, не повеќе од тоа. Исто така, понекогаш тие се откажуваа и од тоа.