MK/Prabhupada 0030 - Кришна Едноставно Ужива

Revision as of 17:32, 5 December 2015 by Tatjana (talk | contribs) (Created page with "<!-- BEGIN CATEGORY LIST --> Category:1080 Macedonian Pages with Videos Category:Prabhupada 0030 - in all Languages Category:MK-Quotes - 1970 Category:MK-Quotes...")
(diff) ← Older revision | Latest revision (diff) | Newer revision → (diff)


Invalid source, must be from amazon or causelessmery.com

Sri Isopanisad, Mantra 2-4 -- Los Angeles, May 6, 1970

„Севишната Божја Личност иако втемелен во Неговото вечно престојувалиште е побрз од умот и може да трча побрзо од сите други. Моќните полубогови не можат да Му пристапат. Од тоа негово престојувалиште, Бог ги контролира оние полубогови кои не снабдуваат со воздух и дожд. Тој секого го надминува во своето совршенство. Тоа исто е потврдено во Брахма Самхита:„goloka eva nivasaty akhilātma-bhūtaḥ“ (БС 5.37). Кришна, иако секогаш е на планетата Голока Вриндаван, нема никакви обврски. Тој едноставно ужива во друштвото на Неговите придружници, гопиите и краварчињата, Неговата мајка, Неговиот татко. Бог е слободен, потполно слободен. А Неговите придружници, тие се уште послободни. Затоа што кога придружниците се во опасност, Кришна се грижи како да ги спаси, а Неговите придружници не се грижат, затоа што знаат „О да, Кришна е тука“. Ете гледате. (смеење)...Придружниците на Бог не се вознемирени. Немаат никакви грижи и покрај многуте опасности, како што ќе прочитате во Книгата за Кришна. Момците краварчиња, заедно со Кришна имале обичај секој ден да одат со кравите и телињата и играат во шумата на брегот на Јамуна, а лошиот крал Камса би пратил секогаш по некој демон да ги уништи. Тоа сте го виделе и на илустрациите на Книгата за Кришна. И така децата уживале, затоа што имале потполна доверба во Кришна. Тоа е вистински духовен живот. „Avaśya rakṣibe kṛṣṇa viśvāsa pālana“. Таа силна верба дека „Во било која ситуација, Кришна ќе ме спаси“ тоа е предавање на Бог.

Постојат шест фази на предавањето на Бога. Првата работа е дека треба да го прифатиме се она што е корисно за преданото служење на Господ и да го отфрлиме со она што е неповолно за преданото служење на Господ. И следната работа е дека треба да се запознаеме со придружниците на Господ Бог. Кришна има толку многу придружници со кои може да се дружите, секако по своја волја не присилно. Кога ќе постанете напредни, ќе разберете каков е вашиот однос со Кришна. Кога ќе се впуштите во таквото дружење, следниот степен е довербата дека „Кришна ќе ми пружи потполна заштита“. Всушност, Тој ги штити сите живи суштества. Тоа е факт. Но, под влијание на маја ние мислиме дека всушност самите себе се штитиме, дека самите себе се храниме. Но, тоа не е вистина. Не. Факт е дека Господ е тој кој не штити и храни.