MK/Prabhupada 0065 - Сите Ќе Бидат Среќни

Revision as of 17:34, 17 December 2015 by Tatjana (talk | contribs) (Created page with "<!-- BEGIN CATEGORY LIST --> Category:1080 Macedonian Pages with Videos Category:Prabhupada 0065 - in all Languages Category:MK-Quotes - 1971 Category:MK-Quotes...")
(diff) ← Older revision | Latest revision (diff) | Newer revision → (diff)


Invalid source, must be from amazon or causelessmery.com

Arrival Lecture -- Gainesville, July 29, 1971

Гостинка: Дали во движењето има место за други личности, кои Кришна го служат индиректно, а не мантраат Харе Кришна по цел ден?

Прабхупада: Не, процесот е како кога ставате вода на коренот на дрвото и таа вода се распределува на лисјата, гранките, гранчињата и тиа остануваат свежи. Но, ако само го полевате листот, листот ќе се исуши, а дрвото ќе биде суво исто така. Ако храната ја дадете на стомакот, тогаш енергијата ќе се распредели на вашите прсти, вашата коса, на вашите нокти и насекаде. Но, ако ја земете храната во рака и не ја дадете на стомакот, таа ќе постане бескорисна. Затоа, целата хуманитарна служба е бескорисна, затоа што нема Свесност за Кришна. Тие на толку многу начини се обидуваат да го служат човечкото општество, но се исфрустрирани, со бескорисни обиди, затоа што нема Свесност за Кришна. Но, ако луѓето бидат истренирани да постанат Свесни за Кришна, тогаш автоматски сите би биле среќни. Секој кој би се придружил, секој кој би чул, секој кој би соработувал, сите би биле среќни. Нашиот процес е природен процес. Вие го сакате Господ и ако постанете експерт во сакањето на Бог, природно ќе сакате се ( сите живи суштества ). Исто како што личноста свесна за Кришна, затоа што го сака Бог, ги сака и животните. Ги сака птиците, зверките и сите други. Но, таканаречената хуманитарна љубов значи дека сакаат некои човечки суштества, но животните се убиваат. Зошто не ги сакаат животните? Поради несовршеноста. Но, личноста свесна за Кришна, никогаш не би убила животно или би создавала проблем на животното. Тоа е универзална љубов. Ако го сакате само својот брат или сестра, тоа не е универзална љубов. Универзална љубов значи да ги сакаш сите. Таа универзална љубов, може да се развие со Свесноста за Кришна и никако поинаку.

Гостинка: Знам дека некои бакти морале да ја прекинат врската, така да се изразам, со своите материјални родители и тоа ним тешко им паѓа, бидејќи нивните родители не ги разбирале. Што би им кажале, за тоа да им биде полесно?

Прабхупада: Всушност, момче кое е во Свесноста за Кришна, најдобро ги служи своите родители, семејство, сограѓани, општество. Ако не е свесен за Кришна, како може да ги служи своите родители ( каква служба може да им пружи на своите родители) ? Воглавном живеат разделено. Но, на пример Прахлад Махараџ бил голем бхакта, а неговиот татко бил голем не-бхакта, кој бил убиен од Нрасимхадев. Кога Господ, му рекол на Прахлад Махараџ да земе/добие Благослови, тој одговорил „Јас не сум трговец Господине, па со тоа што направив некаква служба, да барам нешто за возврат. Те молам, извини ме“. Нрсимхадев бил многу задоволен: „Еве еден чист бхакта“. И тој ист, чист бхакта, го замолил Господ: „Мој Господе, мојот татко беше атеист и стори многу навреди, затоа Те преколнувам да мојот татко биде ослободен“. Нрсимхадев одговорил: „Твојот татко е веќе ослободен, затоа што ти си негов син. И покрај сите негови навреди, тој е ослободен, затоа што си ти негов син. Не само твојот татко, туку таткото на твојот татко се до седмата генерација, сите тие се ослободени“. Значи, ако во семејството се појави Ваишнава, тој го ослободува не само својот татко, но и таткото на неговиот татко и неговиот татко и неговиот татко. И тоа е најдобра служба за семејството, да се биде Свесен за Кришна. Всушност, тоа и се има случено. Со еден од моите ученици, Картикеја. Неговата мајка сакаше толку многу друштво, што кога тој сакаше да ја посети, таа велеше „Седи тука. Јас одам на забава“. Таков беше нивниот однос. Сепак, бидејќи, тоа момче е Свесно за Кришна, тој и зборувал на својата мајка за Кришна, многу пати. Во моментот на смртта, мајката го прашала својот син: „Каде е твојот Кришна? Тој е тука?“ И во истиот момент, таа умрела. Тоа значи дека во моментот на смртта се сетила на Кришна и истиот момент била ослободена. Тоа е наведено во Бхагавад Гита „yaṁ yaṁ vāpi smaran loke tyajaty ante kalevaram“ (БГ 8.6). Ако во моментот на смртта, личноста се сети на Кришна, тогаш нејзиниот живот е успешен. Таа мајка, поради синот кој е Свесен за Кришна, била ослободена, без да всушност дојде во Свесноста за Кришна. Тоа е бенефитот.