MK/Prabhupada 0071 - Безобзирно Расипани Синови на Бога

Revision as of 16:52, 23 January 2016 by Tatjana (talk | contribs) (Created page with "<!-- BEGIN CATEGORY LIST --> Category:1080 Macedonian Pages with Videos Category:Prabhupada 0071 - in all Languages Category:MK-Quotes - 1976 Category:MK-Quotes...")
(diff) ← Older revision | Latest revision (diff) | Newer revision → (diff)


Invalid source, must be from amazon or causelessmery.com

Room Conversation With French Commander -- August 3, 1976, New Mayapur (French farm)

Ние сите сме непотребно невнимателни синови Божји. Ние сме синови Божји, нема сомнеж, но во овој сегашен момент сме невнимателни расипници. Ние залудно го трошиме својот скапоцен живот, ние сме толку невнимателни. Затоа, движењето за Кришна е наменето да се позанимава со таа невнимателност и да не доведе до чувство на одговорност, за заминувањето дома, назад кај Господ. Тоа е свесност за Кришна. Но, луѓето се толку невнимателни, кога ќе кажете нешто за Господ и моментално се смеат „Ох, каква глупост, Бог“. Тоа е врвна невнимателност. Индија беше многу сериозна за Бог. Индија е сеуште сериозна. Сега, моменталните лидери, мислат дека Индијците се размазени, едноставно размислувајќи за Бога и не размислувајќи како Американците или Европејците, за економскиот развој.

Таква е ситуацијата и таа е многу тешка, но ние сепак можеме да сториме нешто за човештвото, проповедајќи го ова движење за свесност за Кришна. И оние кои се среќни ќе дојдат и ќе го прифатат сето ова сериозно. Тие невнимателни расипнички синови, за нив имаме толку многу примери. На пример, постои залиха на нафта и се добива информација дека со помош на нафтата можат да се придвижат автомобилите без коњ. И се прават милиони автомобили и се уништува целата нафта. Тоа е невнимателност. И кога се ќе заврши, а залихите на нафта ќе дојдат до крај, тие ќе плачат. А тие ќе се истрошат. Тоа се случува. Невнимателност. Исто како кога невнимателното момче, на кое таткото му оставил имот, го користи, го користи се додека може. Пред време ќе искористи се. Тоа е невнимателност. Постои одредена сила во телото, штом почувствува малку вкус на сексуалниот живот. „Ох, потроши, потроши“ потроши ја целата енергија. Мозокот постанува празен. Почнувајќи од дванаестата година до триесеттата година, се е завршено. А тогаш тој е импотентен ( немоќен ). Во моето детство, а тоа значи пред осумдесет или сто години, немаше автомобили. А сега, каде год да одите, во било која земја, гледате илјади и милиони автомобили. Тоа е невнимателност. Пред сто години се можеше без автомобили, а сега не можат да живеат без автомобил. На овој начин, луѓето непотребно ги зголемуваат своите телесни и материјални потреби на животот. Тоа е невнимателност. А водачите кои ги охрабруваат, во таа невнимателност се добри лидери. И кој ќе каже: „Престанете со тие глупости и дојдете во Свесноста за Кришна“, никому не му е грижа. „Andhā yathāndhair upanīyamānās te 'pīśa-tantryām uru-dāmni baddhāḥ“ (ШБ 7.5.31). Тоа се нарекува слеп водач, кој води слепи следбениици. Тие не знаат дека и едните и другите се врзани со строгите, непомирливи закони на природата. (пауза)...Како законите на природата делуваат. Тие се во потполно незнаење. Тие не знаат. Тоа е модерната цивилизација. Законите на природата мораат да делуваат на свој сопствен начин. Дали вие се грижите за тоа или не, тоа е ваша работа, но законите на природата делуваат. „Prakṛteḥ kriyamāṇāni guṇaiḥ karmāṇi sarvaśaḥ“ (БГ 3.27). Но, овие битанги не знаат како законите на природата ќе делуваат. Тие вештачки и будаласто настојуваат да ги покорат законите на природата. Тоа е наука, наука на битанги, која е невозможна, но тие се обидуваат. Тоа се нарекува расипништво. Глупост. Зарем научниците не го говорат тоа? „Ние се обидуваме да ја надминеме/покориме“. Битанго, ти никогаш не ќе можеш тоа да го сториш. Но, оваа расипаност се продолжува. И аплаудираат „Ох, многу добро, многу добро, многу добро“. „Ох, вие одите на месечевата планета“. Но, после сите напори, грозјето е кисело: „Тоа нема сврха“. Тоа е се. Ја знаете приказната? За шакалот? Се обидувал да го докачи грозјето и скокал, скокал, скокал. Кога не успеал, тој рекол: „Ох, бескорисно е. Кисело е, нема сврха“. ( насмевка ) И тоа тие го прават. Шакалите скокаат, тоа е се. А ние можеме да видиме како тие битанги залудно скокаат. ( смеење ) И ние ги предупредуваме луѓето да не ги следат овие глупави шакали. Бидете претпазливи. Бидете свесни за Кришна. Тоа ќе го направи вашиот живот успешен.