MK/Prabhupada 0075 - Мора да Одите кај Гуру
Lecture on SB 1.8.25 -- Mayapur, October 5, 1974
Кога некој е љубопитен и се распрашува за прашањата за повисокото ниво, brahma-jijñāsā, тогаш нему му е потребен гуру. Tasmād guruṁ prapadyeta. „Сега сте љубопитни и сакате да го разберете повисокото ниво на знаење. Затоа мора да одите кај гуру“. Tasmād guruṁ prapadyeta. Кој? Jijñāsuḥ śreya uttamam. Uttamam. Uttamam значи она што е над оваа темнина. Овој цел свет е темнина. Значи тоа е оној кој сака да ја надмине темнината. Tamasi mā jyotir gama. Ведското упатство е: „Немојте да останете во темнината. Одите кон светлото“. Тоа светло е Брахманот, brahma-jijñāsā. Значи, оној кој е љубопитен... Uttama... Udgata-tama yasmāt. Udgata-tama. Tama значи незнаење. Во духовниот свет, нема незнаење. Jñāna. Мајавади филозофите едноставно велат jñāna, jñānavān. Но, jñāna не е стереотипно знаење. Има различни видови на jñāna. Баш како во Вриндаван, постои jñāna, но различни видови. Некој сака да го сака Кришна како слуга. Некој сака да го сака Кришна како пријател. Некој сака да го цени Кришниното изобилство. Некој сака да го сака Кришна како татко или мајка. Некој сака да го сака Кришна како сопружник, како љубовник - не е битно. Некој сака да го сака Кришна како непријател. Исто како Камса. Тоа е исто така Vṛndāvana-līlā ( Забава во Вриндаван ). Тој секогаш размислува за Кришна, на поинаков начин, размислува како да го убие Кришна. Путана, исто така, дошла кај Кришна да му даде љубов и да му ја понуди својата дојка за да тој се дои, но внатрешната желба и била да го убие Кришна. Но, тоа исто така се разбира како индиректна љубов, индиректна љубов. Anvayāt.
Кришна е jagad-guru. Тој е изворниот учител. Тој учител, лично не поучува во Бхагавад Гита, а ние нитковите не ја учиме лекцијата. Само погледајте. Затоа сме ние mūḍhas ( будали ). Секој кој е неспособен да ја прими лекцијата од jagad-guru - то, тој е mūḍha. Поради тоа, нашиот заклучок е дека ако некој не го познава Кришна, ако некој не знае како да ја следи Бхагавад Гита, веднаш го сметаме за ништожник. Без разлика дали тој е премиер, судија на Врховниот суд, било што...Не. „Не, тој е премиер. Тој е судија на Врховниот суд. Сепак е mūḍhaḥ?“ Да. „Како?“ „Māyayāpahṛta-jñānāḥ“ (БГ 7.15). „Тој нема знаење за Кришна. Тој е покриен со маја“. Māyayāpahṛta-jñānā āsuraṁ bhāvam āśritāḥ. Затоа е mūḍha. Затоа, проповедајте директно. Секако, сите тие работи изречете ги на помек начин, да не вознемирите некого, но секој кој не го прифаќа Кришна за jagad-guru и не ги учи Неговите лекции, тој е ништожник. Исто како оваа будала во Џаганат Пури. Тој вели: „Родите се следниот пат. Тогаш ќе можете...“. Тој mūḍha знаете дека е ништожник. Зошто? Тој исто така вели: „Јас сум jagad-guru“. Но, тој не е jagad-guru. Тој дури и не видел што е jagat. Тој е жаба, а тврди дека е jagad-guru. Значи, тој е mūḍha, вели Кришна. Тој е mūḍha, затоа што не ја научил лекцијата која му е дадена од Кришна.