MK/Prabhupada 0132 - Бескласното општество е бескорисно општество

Revision as of 15:33, 28 April 2016 by Locanananda (talk | contribs) (Created page with "<!-- BEGIN CATEGORY LIST --> Category:1080 Macedonian Pages with Videos Category:Prabhupada 0132 - in all Languages Category:MK-Quotes - 1974 Category:MK-Quotes...")
(diff) ← Older revision | Latest revision (diff) | Newer revision → (diff)


Invalid source, must be from amazon or causelessmery.com

Lecture on BG 7.1 -- Hyderabad, April 27, 1974

Во Бхагавад Гита ќе ги најдеме сите решенија за проблемите на човекот, сите решенија. Cātur-varṇyaṁ mayā sṛṣṭaṁ guṇa-karma-vibhāgaśaḥ (BG 4.13). Сè додека не го поделите општеството на четири класи: брахмани, кшатрии, ваишји и шудри... Мора да ги поделите. Неможе да кажете: „бескласно општество." Тоа е бескорисно општество. Бескласно општество значи бескорисно општество. Мора да има интелигентна - висока класа, идеална класа која ќе свати: „Ова е човечка цивилизација." Тоа е брахмана: Cātur-varṇyaṁ mayā sṛṣṭaṁ guṇa-karma... (BG 4.13). Сè додека не видат идеален човек, како може да следат некого? Yad yad ācarati śreṣṭhaḥ, lokas tad anuvartate (BG 3.21). Брахманата се споредува со мозокот на телото. Ако нема мозок, каква е користа од овие раце и нозе? Ако нечиј мозок е пореметен, луд, неможе да направи ништо. Значи во моментов, бидејќи во целото општество има недостаток на брахмански квалификувани луѓе... Не се наменети... Брахмани не се наменети само за Индија на хиндусите. За целото човечко општество. Кришна никогаш не вели дека cātur-varṇyaṁ mayā sṛṣṭam (BG 4.13) е наменето само за Индија или хиндусите или само за одредена класа. За целото човечко општество, мора да постојат идеални интелектуалци за луѓето да ги следат. Мозок, мозокот на општеството. Тоа се учењата на Бхагавад Гита. Неможе да кажете: „Можеме и без мозок" Замислете од вашето тело кога би се одстранил мозокот, вашата глава е одсечена, завршено е со вас. Што би правеле рацете и нозете доколку нема мозок? Во сегашно време има недостаток на мозок во човечкото општество. Поради тоа се наоѓа во хаотична состојба. Значи потребно е... како што е кажано во Бхагавад Гита. Човечкото општество, целата цивилизација, мора да се реформира на овој начин, така што... Природно постои интелектуална класа на луѓе. Постои првокласна интелектуална класа на луѓе, второкласна, третокласна, четворокласна. Значи првокласните интелектуалци, мора да бидат брахмани, брахмански квалификувани, мора да бидат свесни за Кришна. Тогаш ќе можат да го водат општеството на правиот пат и нема да има никаков проблем. Тоа е движењето за свесност за Кришна. Тука Кришна кажува како да станеме свесни за Кришна. Тоа е за брахманите или интелектуалната класа на луѓе. Тоа е објаснето од Кришна. Што е тоа? Mayy āsakta-manāḥ: „Умот мора да го сосредоточиш на Мене, Кришна." Тоа е почетокот. На овој или оној начин мораме да... Нашиот ум е врзан за нешто друго. Умот неможе да биде независен. Имаме толку многу желби. Значи дејностите на умот се да биде врзан. Затоа, нешто прифаќам, нешто одбивам. Тоа се дејностите на умот. Неможете да станете нула, неможете да сте без желби. Тоа е невозможно. Нашиот процес... Како што други велат: „Биди без желби." Тоа е будалест предлог. Кој може да биде без желби? Тоа е невозможно. Ако сум без желби, тогаш сум мртов човек. Мртвиот човек нема желби. Значи тоа не е возможно. Мораме да ги прочистиме желбите. Тоа се бара. Да ги прочистиме желбите. Sarvopādhi-vinirmuktaṁ tat-paratvena nirmalam (CC Madhya 19.170). Тоа се вика прочистување. Nirmalam. Tat-paratvena. Tat-paratvena значи: кога сме свесни за Бог, за Кришна, тогаш желбите се прочистуваат. Што значи мораме да стигнеме, не до точката на немање желби, туку до точката на прочистени желби. Тоа се бара. Затоа тука е речено: mayy āsakta-manāḥ „Неможеш да го испразниш умот од желби, но затоа сосредоточи го умот на Мене." Тоа се бара. Mayy āsakta-manāḥ pārtha. Ова е вистинскиот правец на јога. Ова се вика бхакти јога и се вика првокласна јога. Тоа е објаснето во Бхагавад Гита: yoginām api sarveṣāṁ mad-gatenāntar-ātmanā (BG 6.47). Јогито, првокласниот јоги, yoginām api sarveṣām... „Постојат разни правци на јога, но оној кој го применува овој правец на бхакти јога, тој секогаш се сеќава на Мене." Исто како овие момци и девојки, тие се подучени постојано да мислат на Кришна: „Харе Кришна, Харе кришна, Кришна Кришна, Харе Харе/Харе Рама, Харе Рама, Рама Рама, Харе Харе." Значи ако ја читате Бхагавад Гита и пеете Харе Кришна, веднаш сте ја научиле целата наука - како да се стане приврзан кон Кришна. Тоа се вика: mayy āsakta-manāḥ. Mayy āsakta-manāḥ pārtha yogaṁ yuñjan да се практикува јога... Тоа е бхакти јога. Mad-āśrayaḥ. Mad-āśrayaḥ значи: „Под мое водство" или „под моја заштита." Āśraya.