MK/Prabhupada 0097 - Јаc сум едноставно поштенски пион

Revision as of 11:59, 31 May 2016 by Tatjana (talk | contribs) (Created page with "<!-- BEGIN CATEGORY LIST --> Category:1080 Macedonian Pages with Videos Category:Prabhupada 0097 - in all Languages Category:MK-Quotes - 1969 Category:MK-Quotes...")
(diff) ← Older revision | Latest revision (diff) | Newer revision → (diff)


Invalid source, must be from amazon or causelessmery.com

His Divine Grace Srila Bhaktisiddhanta Sarasvati Gosvami Prabhupada's Appearance Day, Lecture -- Los Angeles, February 7, 1969

Ако внимателно се бориме да го истуркаме ова движење, дури и ако не добиваме следбеници, Кришна ќе биде задоволен. А нашата работа е да го задоволиме Кришна. Тоа е бхакти. „Hṛṣīkena hṛṣīkeśa-sevanaṁ bhaktir ucyate“ (ЧЧ Мадја 19.170) Бхакти значи дека личноста треба да ги ангажира сите свои сетила за задоволство. Материјалниот живот значи, задоволување на сопствените сетила: „Ми се допаѓа ова. Сакам да сторам нешто. Сакам да пеам нешто или да мантрам нешто, да јадам нешто или да пипнам нешто или да пробам нешто“. Тоа нешто значи...Тоа значи употреба на сетилата. Тоа е материјален живот. „Би сакал да допрам таква мека кожа. Би сакал да пробам, како се вели, убава храна. Би сакал да мирисам вака. Би сакал да одам онака“. Иста работа - одење, пробање, допирање или било што друго - би требало да се искористи за Кришна. Тоа е се. Наместо да допираме нешто друго, доколку ги допреме светите лотосови стапалки на посветеникот, тој допир ќе биде искористен. Наместо да јадеме глупости, ако јадеме Кришнин прасадам, се ќе биде во ред. Наместо да мирисаме нешто друго, ако ги мирисаме цвеќињата понудени на Кришна... Значи, ништо не не спречува. Ако сакате да имате сексуален живот, да, можете да го имате со цел за создавање на деца, свесни за Кришна. Ништо не не спречува. Само, едноставно е прочистено. Тоа е се. Тоа е целиот програм. Нема прашање за стопирање, како: „Прекинете со ова“. Како тоа може да се прекине? Да речеме јас сум човечко суштество. Ако некој рече: „Ох, не можеш да јадеш“, дали е тоа возможно? Морам да јадам. Значи, нема говор за тоа дека некој ќе не спречи. Работата е во прочистувањето. Всушност...Другите филозофии, говорат за одбивање на тоа, присилно, да се избегне, како и што велат:„Само бидете без желби“. Тие тоа го заговараат. А како јас можам да бидам без желби? Желбата мора да биде присутна. Но, треба да посакувам за Кришна.

Значи, ова е многу фин процес. Дури и ако останатите, тоа не го сфаќаат сериозно или не ја прифаќаат нашата филозофија, ако се обидете, тоа ќе биде вашата работа. Само со тоа, Кришна ќе биде задоволен. Нашите ачарји ќе бидат задоволни, Гуру Махараџ ќе биде задоволен. И тогаш: „Yasya prasādād bhagavat...“. Ако се тие задоволни, тогаш вашата работа е завршена. Не е дека и другите треба да бидат задоволни или не. Со вашето пеење, еден дел од јавноста е задоволен - не, ние не сме загрижени поради тоа. Тој може да биде задоволен или незадоволен. Но, ако мантрам на правилен начин, тогаш моите претходници, ачарји ќе бидат задоволни. Тоа е мојата работа, готово, ако не измислувам на свој начин. Многу ми е драго што Кришна испрати толку многу драги момци и девојки да ми помогнат. Бидете благословени на овој специјален ден. И не постои ништо мое. Ја сум едноставно поштенски пион. Ви ја пренесувам пораката, која ја слушнав од мојот Гуру Махараџ. Едноставно и вие делувајте на исти начин и ќе бидете среќни и светот ќе биде среќен и Кришна ќе биде среќен и се...