MK/Prabhupada 0003 - Мажот е ист како и жената
Lecture on SB 6.1.64-65 -- Vrndavana, September 1, 1975
Там ева тошајам аса питријенартхена јавата грамџаир манормаиха камаиха прасидета џатха татха (ШБ 6.1.64) Откако ја виде таа жена, проститутка, Аџамила секогаш медитираше за нејзе, 24 часа на ден, обземен со страстни желби. Камаис таис таир хрита-гјанаха... (БГ 7.20), ( Личностите чии умови се замаглени со материјални желби - се предаваат на полубоговите и ги следат правилата, во склад со нивната природа ). Кога една личност ќе постане обземена со страст, тогаш таа ја губи целата интелегенција. Целиот свет се врти на основа на тие страстни желби. Ова е материјален свет. И затоа што јас сум алчен, затоа што си и ти алчен и секој од нас исто така... а бидејќи моите желби не се исполнети, ни твоите желби не се исполнети, тогаш јас станувам твој непријател, а ти стануваш мој непријател. Во таа состојба, не можам да видам дека добро напредуваш. А ти не можеш да видиш пак дека јас напредувам. Ова е материјален свет, завист, страстни желби, кама, кродха, лобха, моха, матсарја ( страст, љубомора, алчност, илузија, себичност ). Ова е основата на овој материјален свет. Така, Аџамила постана... Тој се подвргнал на тренинг, да постане брахмана, свештеник, шамо, дама, но неговиот напредок бил прекинат, на сметка на неговата врзаност за жена. Поради тоа, според Ведската цивилизација, жената се смета за пречка на патот, на духовниот напредок. Цивилизираното однесување значи, како да се избегне... Жената... Немојте да мислите дека само жената е жена - виновна за се... Мажот е ист како и жената. Немојте да мислите дека жената е осудена; мажот не е. Жена значи уживана, додека маж значи уживател. Така да, тоа чувство на уживана - уживател, во овој стих е осудено. Ако јас жената ја гледам, како предмет на уживање, тогаш јас сум уживател, како машко. Исто така, ако жената го гледа мажот како објект за уживање, тогаш таа е уживател т.е маж. Жена значи "онаа које е уживана", додека маж значи "уживател". Поради тоа, секој кој има чувство на уживање за некого, се смета дека е маж, уживател. Значи, овде обата пола, се наменети за...уживање... Секој планира, "Како јас ќе уживам ? " Поради тоа, личноста која така планира, се нарекува пуруша, а тоа е вештачко поставување во таа позиција ( Единствен вистински Пуруша, Уживател е Бог ). Ние по природа, оригинално сме пракрити, џива ( уживана страна ), независно дали се работи за маж или жена. Ова тело е само одело ( души ).