MK/Prabhupada 0110 - Станете марионета на претходниот Ачарја



Morning Walk -- April 19, 1973, Los Angeles

Сваруп Дамодар: Ако слушаат Шримад Бхагаватам срцата ќе им се преобразат.

Прабхупад: Секако. Вчера, некој им се заблагодарил на нашите ученици: „Ох, толку сме ви благодарни што ни го дадовте Бхагаватам“. Зарем не, некој тоа го рекол?

Посветениците: Да, да. Трипурари го кажа тоа. Трипурари.

Прабхупад: Ах, да Трипурари. Некој го кажал тоа?

Трипурари: Да, две момчиња вчера на аеродромот, купија два комплета Шримад-Бхагаватам.

Џајатирта: Целосни?

Трипурари: Шест тома. Ги зедоа Бхагаватамите и рекоа: „Многу ви благодариме“. Потоа ги ставија во шкафчињата и додека го чекаа авионот го читаа Првото Пеење...

Прабхупад: Да. Секој искрен човек ќе се почувствува задолжен од ова движење. Делејќи ги овие книги вие правите голема служба за Кришна. Тој сакал да каже сите: „Sarva-dharmān parityajya mām ekaṁ śaraṇaṁ vraja“ (БГ 18.66). Затоа, тој доаѓа. Значи оние кои вршат служба, кои : „Му се предаваат на Кришна“, Кришна им возвраќа. Тоа е изјавено во Бхагавад Гита: „Na ca tasmān manuṣyeṣu“ (БГ 18.69). Во човечкото општество никој не Му е подраг од оној кој помага во проповедањето. Харе Кришна.

Брамананда: Ние сме само твои марионети, Шрила Прабхупад.

Прабхупад: Не. Сите ние сме Кришнини марионети. И јас сум марионета. Марионети. Тоа е ученичкото наследство. Мора да станеме марионети. Тоа е сè. Како што јас сум марионета на мојот Гуру Махараџ, ако вие станете мои марионети, тоа е успех. Ќе станеме успешни кога ќе станеме марионета на претходникот. Tāṅdera caraṇa sevi bhakta sane vāsa. Да живееме во друштво на посветеници и да станеме марионета на претходниот ачарја. Тоа е успех. Ние се обидуваме да го постигнеме тоа. Друштво за свесност за Кришна и служба на претходникот. Тоа е сè. „Harer nāma harer nāma...“ (ЧЧ Ади 17.21). Луѓето ќе дојдат. Ќе ја ценат нашата пропаганда. Потребно е време.

Сваруп Дамодар: Сега ја ценат повеќе отколку пред неколку години.

Прабхупад: Да, да.

Сваруп Дамодар: Започнаа да ја препознаваат вистинската филозофија.