MK/Prabhupada 0116 - Не трошете го попусто овој скапоцен живот



Lecture with Allen Ginsberg at Ohio State University -- Columbus, May 12, 1969

Постои душа и ова тело се развило врз принципите на таа душа, но душата се сели од едно тело во друго. Тоа се нарекува еволуција. Овој процес на еволуција тече низ 8.400.000 видови живот, водени животни, птици, ѕверки, растенија и разни други живи видови. А сега сме ја добиле оваа развиена свест и човечкиот облик на живот. Треба правилно да ги користиме. Тоа го вели нашето движење за свесност за Кришна. Едноставно ги подучуваме луѓето: Не трошете го попусто овој скапоцен живот, човечкиот облик на живот. Ако ја пропуштите оваа прилика, вршите самоубиство. Тоа е нашата порака: Немојте да вршите самоубиство. Прифатете ја свесноста за Кришна.

Процесот е многу едноставен. Не морате да прифаќате тешки процеси како јога или филозофски, теоретски системи. Тоа е невозможно во нашево време. Не зборувам од сопствено искуство, туку од искуството на големите ачарји и моќните мудреци. Тие велат: kalau nasty eva nasty eva nasty eva gatir anyatha. Ако сакате да се спознаете себеси, ако сакате да дознаете каков ќе ви биде следниот живот, ако сакате да научите што е Бог, ако сакате да дознаете каков е вашиот однос со Бог, сите тие работи ќе ви бидат откриени, сето тоа вистинско знаење, треба само да ја повторувате оваа мантра, Харе Кришна, Харе Кришна, Кришна Кришна, Харе Харе, Харе Рама, Харе Рама, Рама Рама, Харе Харе. Многу практично. Не наплаќаме ништо. Не ве лажеме дека ќе ви дадеме некоја тајна мантра за која ќе ви наплатиме педесет долари. Не. Движењето е отворено за сите. Ве молиме прифатете го. Само тоа го бараме. Ве молиме: Не уништувајте си го животот. Ве молиме, прифатете ја оваа мантра. Мантрајте ја каде што сакате. Нема тешки и строги правила што треба да ги следите. Кога сакате, каде сакате, во било кои услови на живот...Како што мантравме пред половина час. Во секој случај, чувствувавте радост. Можете да продолжите да го правите тоа. Мантрајте ја оваа Харе Кришна мантра. Дадена ви е бесплатно Но, ако сакате да научите што е Харе Кришна мантрата преку филозофија, преку знаење и логика, имаме многу томови книги. Немојте да мислите дека само танцуваме, полни со емоции. Не, имаме добра подлога. Затоа обидете се да го разберете ова движење за свесност за Кришна. Дојдов токму во вашава земја за да ви ја пренесам оваа добра вест, а ако ја прифатите, ако ја разберете науката за свесноста за Кришна, по вашиот пример ќе тргнат и други земји и лицето на светот ќе се измени. Тоа е факт.