MK/Prabhupada 0133 - Јас сакам барем еден ученик кој ќе ги следи моите упатства

From Vanipedia
Jump to: navigation, search

Јас сакам барем еден ученик кој ќе ги следи моите упатства
- Prabhupāda 0133


Arrival Lecture -- San Francisco, July 15, 1975

Понекогаш луѓето ме слават дека сум направил нешто чудесно, во целиот свет. Јас незнам дали сум чудесен човек. Но знам едно нешто, дека го говорам она што Кришна го говори. Тоа е сè. Не додавам, ниту менувам нешто. Ја претставувам Бхагавад Гита каква што е. Таа заслуга можам да ја земам, дека ништо не додавам ниту менувам. И можам практично да го видам успехот. Не потплатив толку многу Европејци и Американци. Јас сум сиромашен Индиец. Дојдов во Америка само со четириесет рупии, а сега поседувам четиристотини милиони. Нема тука никаква магија. Можете да отидете позади. Вие спиете. Тоа е тајната, доколку искрено сакате да станете гуру... Ако сакате да мамите, тоа е друго. Има многу измамници. Луѓето сакаат да бидат измамени. Штом им кажеме: „Доколку сакаш да станеш мој ученик, ќе мора да се откажеш од следните четири работи: незаконски секс, интоксикација (вклучувајќи и чај и цигари), јадење месо и коцкање," тие ме критикуваат: „ Свамиџи е многу конзервативен." Но ако им речам: „Можеш да правиш секакви глупости, прави што сакаш, само плати ми 125 долари и земи ја оваа мантра," тоа ќе им се допадне. Затоа што во Америка 125 долари не се ништо. Секој може да плати веднаш. Јас ќе насобрав милиони долари ако ги измамев така. Но јас не го сакам тоа. Јас сакам барем еден ученик кој ќе ги следи моите упатства. Не барам милиони ученици. Ekaś candras tamo hanti na ca tara-sahasrasaḥ. Една месечина е доволна да го осветли целото небо. Нема потреба од милиони ѕвезди. Мојата желба е да видам дека барем еден ученик станал чист посветеник. Се разбира, имам многу искрени и чисти посветеници. Тоа е мојата добра среќа. Но ќе бев задоволен дури и со еден. Нема потреба од милиони таканаречени ѕвезди. Значи процесот е тука и е многу едноставен, ако ги разбереме сите упатства на Бхагавад Гита и потоа го студираме Шримад Бхагаватам... Дури и ако не ги студирате, Чеитанја Махапрабху даде многу едноставен метод. Кој е исто така препорачан и во śāstra:

harer nāma harer nāma harer nāmaiva kevalam
kalau nāsty eva nāsty eva nāsty eva gatir anyathā
(CC Adi 17.21)

Ако сакате да ја студирате ведската литература, тоа е многу добро. Тоа звучи зрело. Веќе имаме педесет книги. Студирај. Стани учен по филозофија, религија, социологија... Сè ќе најдете во Шримад Бхагаватам, за политика исто така. Станете совршен човек, полн со знаење. Ако мислите дека немате време, не сте толку добри во учењето, не можете да ги читате овие книги, само пејте Харе Кришна. На било кој начин од овие два ќе станете совршен или барем со едниот од нив. Ако не можете да читате книги, пејте Харе Кришна. Ќе станете совршени. А ако ги читате книгите и пеете Харе Кришна, тоа е многу добро. Нема загуба. Ако ја пеете Харе Кришна маха мантрата но не можете да ги читате книгите, нема никаква штета. Нема никаква загуба. Тоа пеење е доволно. Но ако читате, тогаш ќе бидете во можност да се одбраните од оние што мислат спротивно. Тоа ќе и помогне на вашата проповедачка дејност. Затоа што кога проповедате мора да одговорите на многу прашања, мора да се соочите со многу спротиставени мислења. Ако сте втемелени во својата положба со читање на книгите, ведската литература, тогаш Му станувате многу многу драги на Кришна. Кришна вели:

na ca tasmāt manuṣyeṣu
kaścit me priya-kṛttamaḥ
(BG 18.69)
ya imaṁ paramaṁ guhyaṁ
mad-bhakteṣu abhidhāsyati
(BG 18.68)

Секој што го проповеда ова доверливо знаење: sarva-dharmān parityajya mām ekaṁ śaraṇaṁ vraja (BG 18.66), ако е способен вешто да ја проповеда оваа порака на целиот свет, Севишниот Господ му станува многу многу наклонет.