MK/Prabhupada 0145 - Мораме да практикуваме некаков вид на тапасја
Lecture on SB 3.12.19 -- Dallas, March 3, 1975
Слободата не доаѓа автоматски. Како кога сте болни. Вие сте под контрола на треска или некаква друга мачна состојба, имате некоја болест. Тогаш морате да поминете низ некаква строгост. Кога имате некаков чир на телото, тоа е многу болно. И за да го излечите морате да правите хируршка операција, ако сакате да бидете излечени. Затоа тапасја. Тоа е тапасја. Тапа значи мачна состојба, тапа. Како со температурата. Ако добиете висока температура, 43 степени, тоа неможете да го поднесете. Многу е мачно. Дури и за нас индијците, кои сме родени во Индија - тропска клима, сепак кога температурата е повисока од 43, станува неподнослива. А што да кажеме за вас? Вие сте родени на друга температура. Слично на тоа, исто така не можеме да поднесеме и ниска температура. Ако е под 10 степени, за нас станува неподносливо. Постојат разни поднебја, разна температура. Во Канада тие поднесуваат и 4 степени, или под нула. Станува збор за различна состојба на живот. Но ние сме условени: висока температура, ниска температура, голем студ. Но можеме да се навикнеме на било каков условен живот. Го имаме тој капацитет. Постои бенгалска изрека: śarīre na mahāśaya ya sahabe taya saya, што значи: „Ова тело може да поднесе секаква состојба, доколку го извежбате". Не значи дека доколку ја промените положбата ќе стане толку неподносливо што нема да можете да живеете. Не. Доколку вежбате...
Како што во денешно време никој не оди...Порано луѓето одеа на Хималаите, а таму е многу ладно. И тапасја...Постои обичај, метод: на нај жешкото време, светите личности или мудреците, тие ќе запалеа оган околу нив. Веќе температурата е многу висока, но тие ќе запалеа оган околу нив и ќе медитираа. Тоа е тапасја. Тоа се видови на тапасја. Веќе е пеколно жешко а тие така ќе направат. Времето штипе од ладно, пониско од 4 степени, а тие ќе влезат во вода до вратот и така ќе медитираат. Тоа се видови на тапасја. Тапасја. Заради спознавање на Бог, во минатото луѓето се подложуваа на вакви видови на строгости, а во сегашно време сме толку паднати што не можеме да ги поднесеме ни овие четири принципи? Дали е многу тешко? Ние предлагаме одредена тапасја: „Не се впуштајте во овие нешта. Незаконски секс, интоксикација, јадење месо, коцкање". Ова се видови на тапасја за напредок во свесноста за Кришна. Дали е многу тешко? Не е тешко. Ако некој може да влезе во вода до вратот на многу ладно време, дали е потешко да се откажете од незаконски секс, јадење месо и интоксикација? Ние не советуваме „Без секс". Само незаконски секс. Тогаш што е тешкотијата? Но ова време е толку паднато што дури ни оваа основна тапасја не можеме да ја следиме. Тоа е тешкотијата. Но ако сакате да го спознаете Бог, како што е овде спомнато - тапасаива, само со тапасја, само со покора човек може да Го спознае. Инаку не е можно. Инаку не е возможно. Затоа се употребува овој збор - тапасива. Tapasā eva: „само со тапасја". Не постои друг начин. Tapasā eva param. Парам значи Севишниот.
Ако сакате да го спознаете Севишниот, Апсолутот, тогаш мора да прифатите некаков вид на тапасја. Инаку не е возможно. Основна мала тапасја. Исто како екадаши. Тоа е исто така вид на тапасја. Всушност на деновите на екадаши не треба да земаме никаква храна, дури ни вода. Но, во нашето друштво ние не го правиме тоа толку стриктно. Ние велиме: „На екадаши не јадете житарки. Земете малку овошје, млеко". Тоа е тапасја. Не можеме ли да ја извршиме ниту оваа тапасја? Ако не сме подготвени да ја извршиме дури ни оваа, многу, многу лесно изводлива тапасја, тогаш како може да очекуваме да се вратиме назад дома, назад во Божјето царство? Не, тоа не е можно. Затоа тука е спомнато: tapasaiva, tapasā eva. Ева значи сигурно. Мораш. Доколку вршиш ваква тапасја, строгости, дали си губитник? Не си губитник. Секој што ќе нè посети од надвор, ќе забележи во нашето друштво, нашите членови, момци и девојки. Тие велат: „светат". Нели е така? Тие ја приметуваат разликата. Еден свештеник во мантија...Јас патував од Лос Ангелес до Хаваи. Еден свештеник ми пријде во авионот. Тој ме замоли: „Може ли да зборуваме?" „Да, зошто да не?" Неговото прво прашање беше: „Ги гледам твоите ученици, тие светат. Која е причината?" Тие се искрени. Тогаш каде е загубата? Отфрлајќи ги грешните активности, ние не сме губитници. Можеме да живееме многу едноставен живот. Можеме да седиме на подот, можеме да спиеме на подот. Не ни е потребен многу мебел, ниту разновидна, раскошна облека. Потребна е тапасја. Доколку сакаме напредок во духовниот живот, мораме да прифатиме одреден вид на тапасја. Во Кали-југа не можеме да прифатиме таква строга тапасја како кога на студено време, би се потопиле во вода, понекогаш сосема или до вратот и потоа медитираме или мантраме Харе Кришна. Тоа не е возможно. Минимумот. Мораме да вршиме тапасја. Треба да зебележиме од оваа строфа дека мораме да практикуваме некаков вид на тапасја ако сме сериозни да го спознаеме Бог. Тоа се бара.