MK/Prabhupada 0154 - Чувајте го вашето оружје секогаш наострено



Room Conversation -- May 7, 1976, Honolulu

Тамала Кришна: Во твојата статија во „Враќање кон Бог," Маркс го нарекуваш глупав, а марксизмот го нарекуваш глупости. Прабхупада: Да, каква е неговата филозофија? Дијалектика? Тамала Кришна: Дијалектика на материјализмот. Прабхупада: Еднаш напишавме за духовна дијалектика. Хари-саури: Харикеша. Прабхупада: Харикеша. Тамала Кришна: Да, тој ни го прочита. Тој проповеда, понекогаш мислам дека во Источна Европа. Добивме извештај. Дали тој ти напишал? Прабхупада: Да. Слушнав, но дали е тој во ред или не? Тамала Кришна: Од извештајот се чини дека повремено оди во некои источноевропски земји. Најчесто се концентрира во Англија, Германија и Скандинавија. Тој има група и тие проповедаат и делат книги. И понекогаш оди во кои земји? Посветеник: Чехословачка, Унгарија, Будимпешта. Тамала Кришна: Тој оди во некои комунистички европски земји. Посветеник: Тие ги прават своите комбиња со лажно дно и ги кријат книгите таму, за да не ги видат на граница. Во дното од комбето се сите твои книги. Кога ќе стигнат во земјата, тие ги делат книгите на студенти. Тамала Кришна: Револуција. Прабхупада: Тоа е многу добро. Посветеник: Понекогаш, тој рече, кога зборува, преведувачот не преведува се што зборува, бидејќи тоа е ... Тамала Кришна: Понекогаш се заборава - обично зборува многу внимателно - одбрани зборови. Но, еднаш или двапати вели тој, почнува да зборува директно за Кришна, а преведувачот го гледа и не сака да преведе на локалниот јазик. Понекогаш се заборава и почнува да зборува за Кришна како Севишна Божја Личност и преведувачот одеднаш гледа во него. Обично прикрива сè. Прабхупада: Тој има направено добра работа. Тамала Кришна: Тој е добар човек, многу интелигентен. Прабхупада: Значи вака ... Вие сите сте интелегентни, можете да планирате. Целта е да се поделат книгите. Тоа прво се разгледува. Во Бхагавата е многу сликовито опишано, дека го имаме ова тело и различните делови. Исто како што Арџуна седи на кочијата. Има возач на кочијата, има коњи, узди. Постои поле, стрела и лак. Тоа е се сликовито. Ова може да се користи за убивање на непријателите на нашата свесност за Кришна а потоа да се откаже од сiте овие реквизити, кочија, ние ... Исто како после борбите и убивањата, следи победа. И слично ова тело е таму, умот е таму, сетилата се таму. Искористете ги за освојување над ова материјално постоење. А потоа откажете се од ова тело и вратете се назад дома. Тамала Кришна: Дали посветеник, мислам како што ти секогаш нè инспирираш да напредуваме ... Прабхупада: Тоа е острење на оружјето. Тоа е исто така опишано. Со тоа што му служиш на духовниот учител, секогаш го остриш оружјето. А потоа побарајте помош од Кришна. Зборовите на духовниот учител го острат оружјето. И yasya prasādad bhagavata ... Ако духовниот учител е среќен, тогаш Кришна веднаш ќе помогне. Тој ви дава сила. Да претпоставиме дека имате меч, наострен меч, но ако немате сила, што ќе сторите со мечот? Кришна ќе ви даде сила, како да се борите и да ги убиете непријателите. Сè е опишано. Затоа Чаитанја Махапрабху (рече) guru-kṛṣṇa-kṛpāya (ЧЧ Мадхја 19.151), Наострете го оружјето со упатствата на духовниот учител, а потоа Кришна ќе ви даде сила, ќе можете да освојувате. Ова сликовито објаснување мислам дека минатата ноќ го направив. Еве еден стих, acyuta bala, acyuta bala. Дали е тука Пушта Кришна? Хари-саури: Пушта Кришна? Прабхупада: Ние сме војници на Кришна, слуги на Арџуна. Едноставно, ќе мора да делувате соодветно, тогаш ќе ги победите непријателите. Тие немаат моќ, иако нивниот број е сто пати. Исто како Куруите и Пандавите. Тие немаат моќ, yatra yogeśvaraḥ kṛṣṇaḥ (БГ 18.78). Чувајте го Кришна на ваша страна, тогаш сè ќе биде успешна. Tatra śrīr vijayo.