MK/Prabhupada 0227 - Зошто умирам ? Не сакам да умрамr
Lecture -- Los Angeles, May 18, 1972
Всушност, Кришна не е овде во материјалниот свет. Исто како некој голем газда, неговата фабрика работи, трговијата функционира, но не е неопходно тој да е присутен таму. Слично така функционира Кришнината енергија. Неговите помошници, многуте полубогови, тие работат. Тие се опишани во списите. Исто како сонцето. Сонцето е причината за оваа космичка креација. Тоа е објаснето во Брамха Самхита: Yac-cakṣur eṣa savitā sakala-grahāṇāṁ rājā samasta-sura-mūrtir aśeṣa-tejāḥ yasyājñayā brahmati sambhṛta-kāla-cakro govindam ādi-puruṣaṁ tam ahaṁ bhajāmi Говинда... Сонцето е опишано како едно од очите на Бог. Тој сè гледа. Не можеш да се скриеш од очите на Бог, како што не можеш да се скриеш од сончевите зраци. На сличен начин, Божјето име, може да е било кое... Потврдено е во ведската литература дека Бог има многу имиња, но ова име Кришна е главното. Мукја. Мукја значи главно. Убаво е објаснето: „Сè-привлечно". На многу начини Тој е сè-привлечен. Господовото име... Движењето за свесност за Кришна го шири Господовото име, Господовата слава, активности, убавина, љубов. Сè. Во овој свет постојат толку многу работи и сите тие се во Кришна. Што и да постои. Исто како што овде во материјалниот свет главна карактеристика е сексуалната привлечност. Тоа ги има и во Кришна. Ние ја обожуваме привлечноста помеѓу Рада и Кришна. Но таа привлечност и оваа се разликуваат. Таа е вистинска додека оваа овде е илузорна. Тука сè што постои има и во духовниот свет, но тоа е само одраз. Нема вистинска вредност. Како во продавницата за кукли, понекогаш има многу убави кукли, стои убава девојка. Но никој не ја погледнува. Затоа што сите знаат: „Таа не е вистинска. Колку и да е убава, таа не е вистинска". Но жива девојка, посебно ако е убава, многу луѓе ја загледуваат. Затоа што е вистинска. Ова е еден пример. Овдека таканареченото живо е мртво, затоа што телото е материја. Тоа е една грутка материја. Штом душата ќе си отиде од телото на убавата жена, никој не се интересира веќе за неа. Затоа што е исто толку вистинска колку и куклата на излогот од продавницата. Вистинскиот фактор е духовната душа, и бидејќи тука сè е од мртва материја тоа е едноставно имитација, сенка. Вистинското нешто е во духовниот свет. Постои духовен свет. Оние што ја прочитале Бхагавад Гита сфатиле. Духовниот свет е во неа опишан: paras tasmāt tu bhāvo 'nyo 'vyakto 'vyaktāt sanātanaḥ (BG 8.20). Бхава значи природа. Постои друга природа над оваа. Можеме да ја видиме оваа природа сè до границата на небото. Научниците се трудат да отидат до највисоката планета, но пресметале дека за тоа се потребни 40 000 години. Кој е тој што ќе живее 40 000 години да отиде и да се врати? Но планета постои. Ние не можеме да ја измериме ширината и должината на овој материјалне свет, а што да кажеме за духовниот. Затоа треба да дознаеме од меродавни извори. Тој меродавен извор е Кришна. Веќе објаснивме дека никој не е по мудар и со повеќе знаење од Кришна. Кришна го дава ова знаење: paras tasmāt tu bhāvo 'nyo (BG 8.20). „Над овој материјален свет постои друго духовно небо". Постојат исто така безброј планети. Тоа небо е далеку далеку поголемо од ова небо. Ова небо е само една четвртина. Додека духовното небо е три четвртини. Тоа е објаснето во Бхагавад Гита: ekāṁśena sthito jagat (BG 10.42). Ова е само една четвртина, овој материјален свет. Духовниот свет е три четвртини. Да речеме Божјата креација е 100. Ова се само 25 проценти; 75 проценти се таму. Истот така е и со живите суштества, само мал дел се наоѓаат тука. Додека поголемиот дел се наоѓаат во духовниот свет.