MK/Prabhupada 0253 - Вистинската среќа е опишана во Бхагавад Гита



Lecture on BG 2.8 -- London, August 8, 1973 Прадјумна: „Na hi prapaśyāmi mamāpanudyād, yac chokam ucchoṣaṇam indriyāṇām, avāpya bhūmāv asapatnam ṛddhaṁ, rājyaṁ surāṇām api cādhipatyam“ (БГ 2.8). Превод: „Не можам да најдам начин, за да го отстранам очајот што ги суши моите сетила. Не можам да го уништам и ако освојам немерливо царство на земјата, со власт каква имаат полубоговите“. Прабхупада: „Na hi prapaśyāmi mamāpanudyād“. Ова е положбата на материјалната егзистенција. Понекогаш сме во неволја. Не, понекогаш. Секогаш сме во неволја, но понекогаш за да ја надвладееме неволјата, правиме обид, а тој обид се смета за среќа. Всушност нема среќа. Но, понекогаш имаме надеж дека: „Со овој обид ќе бидам среќен во иднина“, И таканаречените научници сонуваат: „Во иднина, нема да има смрт“. Многу од нив сонуваат. Но, разумните велат: „Не и верувај на иднината, колку год да е пријатна“. Тоа е вистинската положба. „Na hi prapaśyāmi mamāpanudyād“. Затоа, тој му се обрати на Кришна: „Śiṣyas te 'ham“ (БГ 2.7). „Сега сум твој śiṣya“. „Зошто дојде кај Мене?“ „Затоа што знам, дека никој друг не може да ме спаси од оваа опасна положба“. Ова е вистинската смисла: „Yac chokam ucchoṣaṇam indriyāṇām“ (БГ 2.8). Ucchoṣaṇam. Кога сме ставени во големи тешкотии, тие ги исушуваат нашите сетила. Никакво сетилно уживање, не може да не направи среќни. Ucchoṣaṇam indriyānām. Овде среќата значи, сетилно уживање. Всушност, ова не е среќа. Вистинската среќа е опишана во Бхагавад Гита: „Atīndriyam, sukham atyantīkaṁ yat tat atīndriyam“ (БГ 6.21). Вистинска среќа, atyantikam, врвна среќа не се ужива со сетилата. Atīndriya, надминувачка и трансцедентална на сетилата. Тоа е вистинска среќа. Но, ние сме прифатиле дека среќата е сетилното уживање. Со сетилното уживање, никој не може да постане среќен. Затоа што ние сме во материјално постоење. И нашите сетила се лажни сетила. Вистинските сетила се духовни сетила. Затоа треба да ја разбудиме нашата духовна свесност. Тогаш, со духовни сетила можеме да уживаме. „Sukham atyantikaṁ yat atīndriya“ (БГ 6.21). Надминување на овие сетила. Надминување на овие сетила значи...Овие сетила се покривач. Баш како што сум јас ова тело. Всушност, јас не сум ова тело. Јас сум духовна душа. Ова е покривач на моето вистинско тело, духовно тело. Слично на тоа, духовното тело има духовни сетила. Не е nirākāra. Зошто nirākāra ? Се работи за здрав разум. Токму, како што имате една или две раце, имаш две раце. Кога раката е покриена со платно, платното исто има рака. Јас имам рака, затоа и мојата облека има рака. Бидејќи, јас имам нозе, затоа мојата прекривка, облека, има нозе, панталони. Се работи за здраво-разумски заклучок. Од каде ова тело дошло ? Ова тело е опишано, како: vāsāṁsi, облека. Облека значи дека е прилагодена на телото. Тоа е облека. Не дека моето тело е направено според облеката. Кога имам раце на кошулата, тоа е моето суптилно тело или грубо тело, според тоа, изворно, духовно, јас имам раце и нозе. Инаку, од каде тие доаѓаат ? Како се развиваат ?