MK/Prabhupada 0308 - Функција на Душата е Свесноста за Кришна
Lecture -- Seattle, October 2, 1968
Млад човек (2): Како се тренира умот?
Прабхупада: Ова е обуката. Вие само се вклучувате во активности на свесноста за Кришна. Ова е практично. Исто како мантрањето, момче од десет години, и тој е ангажиран. Неговиот ум е концентриран на вибрациите Харе Кришна. Другите негови сетила, нозете или раката, тие работат, танцуваат. Вака треба да го вежбаме нашиот ум, нашите сетила секогаш вклучени во свесноста за Кришна. Тоа ќе ве направи совршени. И тоа е можно за секого. Не бара од вас да седните на едно место и вештачки да медитирате на нешто. Штом пеете Харе Кришна, веднаш вашиот ум се пренасочува. веднаш се сеќавате на Кришна, поуките на Кришна, работата за Кришна, сè. Тоа бара пракса.
Млад човек (2): Бидејќи си зрак од сонцето, така да се каже...
Прабхупада: Да.
Млад човек (2): Дали можеш да размислуваш за себе?
Прабхупада: Зошто да не? Јас сум индивидуа.
Млад човек (2): А кога размислуваш, мислиш на Кришна?
Прабхупада: Иако сум мал, но јас сум индивидуа. Ја имам целата моќ за размислување, чувствување, посакување. Ние го правиме тоа. Ние сме индивидуи. Дојдовте овде по ваша сопствена волја. Никој не ве присилил. Ако сакате, можете да си одите. Некој доаѓа овде, некој никогаш не доаѓа, некој доаѓа секојдневно. Зошто? Иако ти си мал, имаш сопственост. Дури и во оваа условена состојба, вие сте толку слободни, толку многу слободни. А кога сте безусловен, чист дух, не знаете колкава слобода имате. Не е важно што сте мал, но вие сте духовна искра. Зарем не гледате дека една мала духовна искра која ниту еден лекар, ниту една медицинска наука сè уште не ја открила, каде е душата, но душата е таму. Тоа е факт. Штом душата ја нема од ова тело, тоа е бескорисно. Откријте која е таа важна честичка. Тоа не е можно, бидејќи е толку мала, дека вашите, со овие материјални очи или микроскоп или било кој апарат не можете да го дознаете тоа. Затоа велат дека нема душа. Но, тие не можат да објаснат што исчезнало. Дури и таа мала честичка на духовната душа е толку моќна што се додека е во ова тело, го одржува свежо, добро, убаво. Но штом ќе ја снема, веднаш почнува да се распаѓа. Само види. Исто како дрога, инјекција. Малку, едно зрно, се одржува во форма. Тоа е нешто такво, толку е моќно. Не знаеш која е моќта на душата. Тоа треба да го проучувате. Тогаш тоа е самореализација. Овој процес на медитација, седиење на тивко место, се препорачува во најгрубиот стадиум на телесниот концепт на живот. Ако некој размислува, медитира: „Дали сум ова тело?“ и потоа направи анализа. Ќе видите: „Не. Јас не сум ова тело. Јас сум различен од ова тело“. Потоа понатамошна медитација: „Ако јас не сум ова тело, тогаш телесните активности, како се направени?“ Тие се направени поради присуството на таа мала честичка, јас. Како расте телото? За сметка на нејзиното присуство. Исто како ова момче, ова момче има мал раст на телото. Сега, ова момче ќе порасне со многу витко и силно тело во својата младост, како на возраст од дваесет и четири години. Кога ова тело ќе си оди, ќе дојде друго тело. Како е тоа можно? Поради присуството на ситната честичка на душата. Но, ако таа честичка на душата биде одземена или отидена, ова тело повеќе нема да се зголемува или менува. Ова е предмет на медитација. Но, кога ќе дојдете до точка да сватите дека „Јас не сум ова тело. Јас сум духовна душа“, тогаш следната фаза ќе биде "Која е функцијата на душата?" Таа функција на душата е свесноста за Кришна, работи за свесноста за Кришна. Во ова време човек треба да ја преземе директно функцијата на душата; тогаш автоматски ќе си дојдат другите работи. Во моментов не е можно да одите на скришно место и мирно да седите таму и да медитирате за... Тоа не е можно во ова време. Невозможно е. Ако се обидете вештачки, тоа ќе биде неуспешно. Затоа треба да го преземете овој процес,
- harer nāma harer nāma harer nāma eva kevalam
- kalau nāsty eva nāsty eva nāsty eva gatir anyathā
- (ЧЧ Ади 17.21)
Во оваа време на Кали, нема друга можност за самореализација освен пеењето Харе Кришна. Тоа е практичниот, реален факт.