MK/Prabhupada 0316 - Не се Обидувајте да Имитирате. Тоа е Многу Опасно



Lecture on SB 7.9.5 -- Mayapur, February 25, 1977

Прабхупада: Веднаш не можеме да бидеме прва класа посветеници. Не можеме да го имитираме Харидаса Ṭхакура. Тоа не е можно. Но минимално. Saṅkhyā-pūrvaka-nāma-gāna-natibhiḥ (Ṣaḍ-gosvāmy-aṣṭaka). Мора да вежбаме. Одредена нумеричка моќ мора да одржуваме. И ние успеавме, затоа ... Некои од нашите таканаречени посветеници, ме критикуваат дека сум ограничил само шеснаесет круга. Не, зошто шеснаесет круга? Можете да направите триста круга, но минимум, минимум шеснаесет круга, затоа што не сме навикнати да посветуваме многу време. Мора да бидеме секогаш зафатени. Но, да седнете на едно место и постојано да ја пеете мантрата Харе Кришна, тоа не е возможно за ниту една условена душа – освен ако не се ослободи. Затоа, не се обидувајте да имитирате. Мојот гуру Махараџа строго забрани: „Не обидувај се да имитираш големи личности како Харидаса Ṭхакура, Рупа Госвами“. Тој велеше, rūpa gosvāmī ke mogha vāñchā. Рупа Госвами, затоа што облекуваше парче ткаенина на слабините... Tyaktvā tūrṇam aśeṣa-maṇḍala-pati-śreṇīṁ sadā tucchavat bhūtvā dīna-gaṇeśakau karuṇayā kaupina-kanthā... Нема потреба да се имитира Рупа Госвами, да се имитира облеката, а потоа, штом има можност, пуши биди (цигара рачно свиткана). (смеа) Не правете ги овие бесмислености. Ова нема никаква корист, имитацијата. Anusaraṇa, не anukāraṇa. Анукарана е опасна. Anusaraṇa. Sādhu-mārgānugamanam. Ова е бхакти. Ќе се обидеме да ги следиме стапките на големите, големи посветеници, садхуите. Не можеме... Ќе се обидеме да следиме. Не се обидувајте да имитирате. Тоа е многу опасно.

Некои од нашите посветеници, заминаа, бидејќи „Овде нема бхаџана“ (смеа) и барајќи од мене благослов да најдат друг гуру. Тој го сака мојот благослов за да најде гуру. Значи, оваа расипништво не е добро. Најдоброто нешто е што mahājano yena gataḥ sa panthāḥ (ЧЧ Мадхја 17.186). Еве ја махаџаната. Прахлада Махараџа е еден од махаџаните. Од дванаесетте махаџани, Прахлада Махараџа е еден од махаџаните. Svayambhūr nāradaḥ śambhuḥ kapilo manuḥ prahlādaḥ (ШБ 6.3.20-21). Таму е името Прахлада Махараџа. Janako bhīṣmo balir vaiyāsakir vayam (ШБ 6.3.20-21). Значи, Прахлада Махараџа е махаџана. Затоа следете го, обидете се да го следите Прахлада Махараџа. Anusaraṇa. Sādhu-mārgānugamanam. Значи, што направи Прахлада Махараџа? Татко му му направил толку многу проблеми и што направил? Тој едноставно мислел на Кришна: „Што да правам? Татко ми е против“. Тоа е man-manā bhava mad-bhaktaḥ. И на крајот, кога таткото е убиен, тој оддава почитување. Овие четири работи, следете ги чекорите искрено, како чист посветеник. Sarvopādhi-vinirmuktam (ЧЧ Мадја 19.170). Прахлада Махараџа никогаш не помислил „Јас сум син на Хиранјакашипу“. Никогаш не помислувал. Тој секогаш мислел: „Јас сум слуга на Нарада“. Тоа го кажа. Кога сакаше да му даде благослов, го праша Нрисмиха-дева: „Љубезно ангажирај ме во служба на Твојот слуга, Нарада, од кого ја добив оваа инструкција“. Никогаш не рече: „Дозволете ми да го служам татко ми“. Не. Бидејќи добивал инструкции, тој секогаш ... Cakṣudana dilo janme janme pitā sei. Тој е татко. Нема друг татко. Cakṣudana dilo yei, janme janme pitā sei. Кој е следниот стих?

Посветеници: Divya jñāna hṛde prakāśito.

Прабхупада: Ах, divya jñāna hṛde prakāśito. Значи тој е таткото. Затоа, секогаш треба да имаме на ум. Не се вознемирувајте и не го напуштајте движењето за свесност за Кришна непромислено . Ви благодарам многу.