MK/Prabhupada 0320 - Ние подучуваме како да станат бхагјаван, среќни



Lecture on BG 16.6 -- South Africa, October 18, 1975

Девојка: Шрила Прабхупада, дури и ако ... Сите живи суштества се делчиња од Кришна. Дури и ако не се предадеме на Кришна во овој живот, на крајот ќе му се предадеме на Него, секој од нас. Пушта Кришна: Дали сите ... Дури и ако не се предадеме на Кришна во овој живот, дали сите ќе се предадат на Кришна? Дали сите ќе се вратат кај Бога на крајот? Прабхупада: Хм? Значи, имаш сомнеж? Бидете сигурни дека не секој ќе го стори тоа. Не грижете се. Не е тоа што секој ќе го стори тоа. Затоа Чаитанја Махапрабху вели: ei rūpe brahmāṇḍa bhramite kona bhāgyavān jīva (ЧЧ Мадхја 19.151). Освен ако некој не е бхагјаван, многу среќен, тој нема да се врати дома, назад кон Бог. Тој ќе изгние тука. Движењето за свесност за Кришна значи дека ние се обидуваме да ги направиме луѓето бхагјаван. Ако некој сака, тие може да станат бхагјаван. Тоа е нашиот обид. Создаваме толку многу центри. Ние подучуваме како да станат бхагјаван, среќни, како да се вратат дома, како може да бидат среќни. Сега, ако некој е среќен, тие ќе ја преземат оваа инструкција и ќе го сменат својот живот. Затоа ова е мисија. Но, без да стане бхагјаван, никој не може да си оди. Среќен. Им даваме шанса да станат среќни. Ова е нашата мисија. Најнесреќните добиваат можност да станат среќни. Секој од нас може да го разгледа ова, како од несреќниот живот да дојдат до среќата. Ова е движење за свесност за Кришна, и им даваме можност на несреќните. Секој е несреќен, секој е неранимајко. Даваме можност како да станат интелигентни и среќни. Ова е свесноста за Кришна. Ако луѓето не се толку несреќни и неранимајковци, тогаш што е значењето на проповедањето? Проповедањето значи дека треба да ги претворате неранимајковците и несреќните да станат интелигентни и среќни. Тоа е проповедање. Но, освен ако не сте среќни и интелигентни, не можете да станете свесни за Кришна. Тоа е факт.