MK/Prabhupada 0335 - Ги Образува Луѓето да Станат Првокласни Јоги



Lecture on BG 2.24 -- Hyderabad, November 28, 1972

Брахманата му се моли на Кришна: „Драг мој Господи, станав слуга на моите сетила“. Тука секој е слуга на своите сетила. Сакаат да уживаат во сетилата. Не уживаат - сакаат да им служат на сетилата. Јазикот ми вели: „Ве молам однесете ме во таков и таков ресторан и дајте ми таков и таков сос од пилешко“. Веднаш одам. Не да уживам, туку да се придржувам до наредбите на мојот јазик. Затоа во име на таканареченото уживање, сите ние им служиме на сетилата. На санскрит се нарекува го-даса. Го значи сетила. Ако не станете госвами, вашиот живот е уништен. Госвами. Не можете да ви диктираат сетилата. Треба вие да им диктирате на сетилата. Штом јазикот рече: „Сега ќе ме однесеш во тој ресторан или дај ми цигара“. ако кажете: „Не. Нема цигара, нема ресторан; едноставно кришна-прасада“, тогаш сте госвами. Тогаш вие сте gosvāmī. Ова е карактеристиката, санатана. Затоа што јас сум вечен слуга на Кришна. Ова се нарекува санатана-дхарма. Тоа го опишуваме во Ajāmila-upākhyāna. Оваа фаза може да се постигне. Tapasā brahmacaryeṇa śamena damena śaucena tyāgena yamena niyamena (ШБ 6.1.13).

Затоа целата ведска литература е наменета за тоа како да се контролираат сетилата. Yoga. Yoga indriya-saṁyama. Тоа е јога. Јогата не значи да се покаже некоја магија. Ова е првокласна магија. Ако практикуваш јога... имам видено толку т.н. јоги, но тие не можат да го контролираат чувството за пушење. Гледаш. Пушењето и многу други работи се случуваат. И сепак, тие поминуваат како јоги. Каков вид на јоги? Јоги значи оној кој ги контролирал сетилата. Śamena damena brahmacaryena. Има... Во Бхагавад-гита се е објаснето, опишан е јога системот. И пред пет илјади години, Арџуна слушаше за оваа јога, за контрола на сетилата. Тој бил грихаста, а исто така и политичар, бидејќи припаѓал на кралското семејство. Тој се бореше за победа на кралството. Арџуна искрено рече: „Драг мој Кришна, не е можно да станам јоги, бидејќи ова е многу тешка работа. Ме замолуваш да седнам на едно осамено место, на свето место, и во нормална состојба, едноставно гледајќи во точката на твојот нос, на мојот нос, толку многу работи се... Но тоа не ми е можно“. Тој искрено одби. Кришна, само за да го охрабри својот пријател и посветеник... Тој свати дека Арџуна се разочара. Тој искрено призна дека тоа не е можно. Всушност, тој е политичар. Како е можно тој да стане јоги? Но, нашите политичари, тие рекламираат дека практикуваат јога. Каков вид на јога? Дали тие станаа поголеми од Арџуна? Во оваа доба на паднати? Пред пет илјади години колку поволни услови имало таму. И сега, во ваква неповолна состојба, влошена состојба, сакаш да станеш таканаречен јоги? Тоа е невозможно. Kṛte yad dhyayato viṣṇum (ШБ 12.3.52). Јога значи да се медитира на Вишну. Тоа било можно во Сатја-југа. Исто како Валмики. Медитирал шеесет илјади години и станал совршен. Па кој ќе живее шеесет години? Значи не е можно. Кришна, за да го охрабри... Всушност, целта на јогата, му објасни на Арџуна,

yoginām api sarveṣāṁ
mad-gatenāntar-ātmanā
śraddhāvān bhajate yo māṁ
sa me yuktatamo mataḥ
(БГ 6.47).

Првокласен јоги. Кој? Yoginām api sarveṣāṁ mad-gatenāntar-ātmanā. Кој секогаш мисли на Мене, Кришна“. Така, ова движење за свесност за Кришна ги образува луѓето да станат првокласни јоги. Мислете на Кришна. Харе Кришна, Харе Кришна, Кришна Кришна, Харе Харе/ Харе Рама, Харе Рама, Рама Рама, Харе Харе. Тоа не е лажна работа. Тоа е вистински факт. Можеш да станеш јоги. Можеш да станеш Брахман. Brahma-bhūyāya kalpate.

māṁ ca yo 'vyabhicāreṇa
bhakti-yogena sevate
sa guṇān samatītyaitān
brahma-bhūyāya kalpate
(БГ 14.26)

Оној кој станува спознаен, самоспознаена личност, брахма-бхута, (ШБ 4.30.20)brahma-bhūtaḥ prasannātmā (БГ 18.54), тогаш што останува за него? Тоа е крајната цел на животот, да се стане ahaṁ brahmāsmi. Ведската литература нè учи дека „Немој да мислиш дека припаѓаш тука. Ти си Брахман“. Кришна е пара-брахман, а ние сме подреден Брахман. Нитја-кришна-даса. Ние сме слуга Брахман. Тој е господар Брахман. Наместо да разберам дека сум слуга Брахман, мислам дека сум господар Брахман. Тоа е уште една илузија. Тоа е уште една илузија.