MK/Prabhupada 0343 - Ние се Обидуваме да ги Образуваме Мудхите



Lecture on BG 3.27 -- Madras, January 1, 1976

Кога Кришна беше присутен на оваа планета, Тој практично покажа, дека Тој ги контролирал сите, но никој не го контролирал Него. Тоа е Ишвара. Тоа се нарекува парамешвара. Īśvara секој може да биде. Сите може да бидат Бог. Но, Бог е Кришна. Nityo nityānāṁ cetanaś cetanānām (Катха Упанишад 2.2.13) . Значи треба многу убаво да го разбереме, а не е многу тешко. Истиот контролер доаѓа пред нас како еден од нас, како човечко суштество. Но, ние не Го прифаќаме. Тоа е тешкотијата. Avajānanti māṁ mūḍhā mānuṣīṁ tanum āśritam (БГ 9.11). Тоа е многу жално. Кришна вели дека „доаѓам да покажам кој е Севишниот контролор, и се претставувам како човек за сите да разберат. Давам инструкции во Бхагавад-гита. Сепак, овие будали, измамниците, не можат да разберат“. Бог е таму. Му го даваме името на Бога, Кришна, Божјата адреса, исто така, Вриндавана, името на Божјиото татко, името на мајката. Па зошто... Каде е тешкотијата да се открие Бог? Но, тие нема да прифатат. Нема да прифатат. Мудха. Тие се опишани како мудха.

Утрово овие новинари ме прашуваат: „Која е целта на вашето движење? Затоа реков: „Да се едуцираат мудхите, тоа е сè“. Ова е збирот и суштината на ова движење за свесноста за Кришна, дека ние се обидуваме да ги едуцираме мудхите. А кој е мудха? Тоа го опишува Кришна. Na māṁ duṣkṛtino mūḍhāḥ prapadyante narādhamāḥ (БГ 7.15). Зошто? Māyayāpahṛta-jñānāḥ. Зошто маја му го одзеде знаењето? Āsuraṁ bhāvam āśritāḥ. Имаме многу едноставен тест, исто како што хемичарот во малата епрувета може да анализира што е течноста. Не сме многу интелигентни. Ние сме, исто така, еден од толку многу мудхи, но ја имаме епруветата. Кришна вели... Сакаме да останеме мудха и да го земаме образованието од Кришна. Ова е свесноста за Кришна. Ние не се претставуваме како многу учени научници и многу образовани научници - „Ние знаеме сè“. Не.

Ние сме... Чаитанја Махапрабху, Тој исто така се обиде да остане мудха. Тој, кога разговараше со Пракашананда Сарасвати... Тој беше Мајавади санјаси. Чаитанја Махапрабху танцуваше и пееше. Така овие Мајавади санјаси го критикуваа: „Тој е санјаси, и тој едноставно пее и танцува со некои сентиментални личности. Што е ова?" Така беше договорена средба помеѓу Пракашананда Сарасвати и Чаитанја Махапрабху. На тој состанок присуствуваше Чаитанја Махапрабху како скромен санјаси. Пракашананда Сарасвати го праша: „Господине, вие сте санјаси. Ваша должност е секогаш да ја студирате Веданта. Како тоа вие само пеете и танцувате? Вие не ја читате Веданта“. Чаитанја Махапрабху рече: „Да, господине, тоа е факт. Тоа го правам затоа што мојот гуру Махараџа ме виде како мудха, измамник“. "Како тоа?" „Тој рече, guru more mūrkha dekhi' karila śāsana (ЧЧ Ади 7.71). Мојот гуру Махараџа ме виде како будала број еден и ме казни“. "Како тој те казни?" Сега, „Ти немаш овластување да ја проучуваш Веданта. Тоа не е возможно за тебе. Ти си мудха. Подобро пеј Харе Кришна“.

Која е Неговата цел? Целта е, во моментов, овие мудхи, како ќе ја разберат Веданта? Подобро пејте Харе Кришна. Тогаш ќе го добиете целото знаење.

harer nāma harer nāma harer nāmaiva kevalam
kalau nāsty eva nāsty eva nāsty eva gatir anyathā
(ЧЧ Ади 17.21)

Во ова време луѓето се толку паднати, па што тие ќе разберат од Веданта и кој има време да ја чита Веданта? Затоа, подобро земете го образованието на Веданта директно како што вели Кришна, vedaiś ca sarvair aham eva vedyaḥ (БГ 15.15). Знаењето на Веданта е śabdād anāvṛtti. Со пеење на śabda-brahma човек може да се ослободи. Ова се препорачува во списите:

harer nāma harer nāma harer nāmaiva kevalam
kalau nāsty eva nāsty eva nāsty eva gatir anyathā
(ЧЧ Ади 17.21)

Ако некој навистина го интересира како да се ослободи од ова материјално ропство, janma-mṛtyu-jarā-vyādhi (БГ 13.9) - тоа се проблемите - тогаш, според списите според махаџана, мора да се земе во предвид ова пеење на Харе Кришна маха-мантра. Ова е нашата, сакам да кажам, цел.