MK/Prabhupada 0352 - Оваа Литература ќе го Револуционизира Целиот Свет
Lecture on SB 1.8.20 -- Mayapura, September 30, 1974
Tad-vāg-visargo janatāgha-viplavaḥ. Секој состав каде што има, некаде или понекогаш славење на Севишниот Господ, секоја литература. Tad-vāg-visa..., janatāgha-viplavaḥ. Таквата литература е револуционерна. Револуционерна. Viplavaḥ. Viplava значи револуција. Каква viplava? Исто како во револуцијата, една политичка партија извојува победа над друга политичка партија или еден вид... Ние разбираме дека револуцијата значи политичка револуција. Еден вид политички мисли се совладани од друг вид политички мисли. Тоа се вика револуција. Значи, англискиот збор е револуција, а санскритскиот збор е виплава. tad-vāg-visargo janatāgha-viplavaḥ. Ако се презентира таква литература... Исто како што презентираме. Ние не сме многу големи научници. Нашиот... Немаме таква квалификација дека можеме да составиме многу убава литература. Може да има толку многу грешки или... Што и да е. Но, тоа е револуционерно. Тоа е факт. Тоа е револуционерно. Инаку, зошто големи, големи научници, професори, универзитетски авторитети, библиотекари, читаат? Тие мислат дека знаат дека оваа литература ќе го револуционизира целиот свет. Затоа што во западниот свет не постои таква мисла. Тие се согласуваат. Па зошто е револуционерна? Затоа што има обид да се слави Кришна, Севишната Божја Личност. Ништо повеќе. Нема книжевна кариера.
Значи ова е прифатено. Tad-vāg-visargo janatāgha-viplavo yasmin prati-ślokam abaddha... стих (ШБ 1.5.11). За да се напише санскритска śloka, потребно е високо образование. Има многу, многу правила и регулативи. Не е дека нешто компонираш и стануваш поет. Не. Има доволно правила и прописи, мора да се следат. Тогаш може да се состави. Исто како што гледате, има метар:
- tathā paramahaṁsānāṁ
- munīnām amalātmanām
- bhakti-yoga-vidhānārthaṁ
- kathaṁ paśyema hi striyaḥ
- (ШБ 1.8.20).
Има метар. Секој стих, има метар. Значи, дури и тоа не е запишано на стандардниот метар, а понекогаш има и скршени, па сепак, бидејќи има славење на Севишниот Господ... Nāmāny anantasya. Ananta е Врховна, Неограничена. Неговите имиња се таму. Затоа мојот Гуру Махараџа прифати. Ако анантасја, на ананта, Севишниот, името е таму - „Кршна“, „Нарајана“, „Чаитанја“, вака - śṛṇvanti gāyanti gṛṇanti sādhavaḥ. Садхавах значи оние кои се свети личности. Таква литература, иако е напишана на дијалект, ја слушаат. Слушаат. Затоа што има славење на Господ.
Ова е системот. На еден или друг начин, треба да бидеме приврзани за Кришна. Mayy āsakta-manāḥ pārtha (БГ 7.1). Тоа е нашата единствена работа, како можеме да бидеме ... Не е важно, на дијалект. Понекогаш... Има многу санскрит... сакам да кажам, не се изговара правилно. Исто како и ние. Не сме многу стручни. Има многу стручни изговарачи на санскрит, веда-мантра. А ние не сме толку стручни. Но, ние се обидуваме. Ние се обидуваме. Но, името Кришна е таму. Затоа е доволно. Затоа е доволно.