MK/Prabhupada 0354 - Слеп Човек Води Друг Слеп Човек
Lecture on SB 2.3.2-3 -- Los Angeles, May 20, 1972
Прадјумна: „Толкување: во човечкото општество, низ целиот свет, има милиони и милијарди мажи и жени, и речиси сите од нив се помалку интелигентни затоа што имаат многу малo познавање за духовната душа“.
Прабхупада: Ова е нашиот предизвик, дека има милиони и трилиони мажи и жени ширум светот, но тие воопшто не се интелигентни. Ова е нашиот предизвик. Движењето за свесноста за Кришна може да биде сфатено од другите како лудо, или ги предизвикуваме: „Сите сте луди луѓе“. Затоа, имаме мала книга „Кој е луд?“ Затоа што мислат дека „Овие момчиња и девојки со избричена глава се луди“, но всушност тие се луди. Затоа што немаат интелигенција. Зошто? Тие не знаат што е духовна душа. Ова е животинската свесност. Кучиња, мачки, тие мислат дека телото, тие се телото.
- yasyātma-buddhiḥ kuṇape tri-dhātuke
- sva-dhīḥ kalatrādiṣu bhauma ijya-dhīḥ
- yat tīrtha-buddhiḥ salile na karhicij
- janeṣv abhijñeṣu sa eva go-kharaḥ
- (ШБ 10.84.13)
Go-khara. Go значи крава, а khara значи магаре. Личност која е телесно свесна, „Јас сум ова тело“. Значи, 99,9% од целото население на светот, тие мислат: „Јас сум ова тело“. „Јас сум Американец“, „Јас сум Индиец“, „Јас сум Африканец“, „Јас сум ова...“
И тие се борат исто како мачки и кучиња, се борат: „Јас сум мачка, ти си куче. Ти си куче, јас сум мачка“. Тоа е сè. Овој предизвик, „сите сте измамници“, тоа е многу силен збор, но всушност тоа е факт. Тоа е факт. Тоа е револуционерно движење. Ние ги предизвикуваме сите „Сите сте збир на магариња, крави и животни, затоа што немате знаење надвор од ова тело“. Затоа се вели... Во ова тврдење посебно спомнав. „Бидејќи тие имаат малку познавање за духовната душа, сите не се интелигентни“. Сум разговарал со големи, големи професори. Во Москва, тој господин, професорот Котовски, рече: „Свамиџи, по смртта, нема ништо. Сè е готово“. И тој е еден од најголемите професори во државата. Значи, ова е дефект на модерната цивилизација, дека целото општество е управувано од мачки и кучиња, всушност. Па, како може да има мир и просперитет? Тоа е невозможно. Andhā yathāndhair upanīyamānāḥ.
Слеп човек води друг слеп човек. Ако некој има очи да види, може да води стотици и илјадници луѓе, „Ве молам дојди со мене. Ќе го поминам патот“. Но, ако човекот што води, тој самиот е слеп, како може да ги води другите? Andhā yathāndhair upanīyamānāḥ. Бхагавата, нема споредба. Не може да има. Тоа е трансцендентална наука. Andhā yathāndhair upanīyamānās te 'pīśa-tantryām uru-dāmni baddhāḥ (ШБ 7.5.31). Īśa-tantryām, овие слепи водачи, тие се врзани со законите на материјалната природа, и тие даваат совети. Каков совет можат да дадат?