MK/Prabhupada 0359 - Оваа Наука Треба да се Проучува од Парампара Системот
Lecture on BG 4.2 -- Bombay, March 22, 1974
Да се следи ведското знаење значи да се разбере Кришна. Но, ако не го разбирате Кришна и ако зборувате многу глупости, и ако се претставувате како пандита, тоа е śrama eva hi kevalam. Тоа се наведува. Śrama eva hi. Едноставно губење време и труд за ништо. Vāsudeve bhagavati...
- dharmaḥ svanuṣṭhitaḥ puṁsāṁ
- viṣvaksena-kathāsu yaḥ
- notpādayed yadi ratiṁ
- śrama eva hi kevalam
- (ШБ 1.2.8).
Сега, дхарма, секој многу убаво си ја извршува својата посебна професионална должност. Брахмана, кшатрија, ваиша, шудра. Зборувам за организираното општество, а не за ова животинско општество какво што е сега. Дури и организираното општество, брахмана ги извршува своите должности исто како брахмана. Satyaṁ śamo damas titikṣā ārjavam, jñānaṁ vijñānam āstikyaṁ brahma-karma svabhāva-jam (БГ 18.42). Сепак... Dharmaḥ svanuṣṭhitaḥ, тој многу убаво ја извршува својата должност како брахмана, но со извршување на таквите должности, ако тој не ја развие свесноста за Кришна, тогаш śrama eva hi kevalam. Ова е пресудата. Тогаш тој си го губи времето. Затоа што да се стане брахмана, совршен брахмана, значи да се познава Брахман. Athāto brahma jijñāsā. И пара-брахман, Севишниот Брахман, е Кришна. Значи, ако тој не го разбира Кришна, тогаш каква е користа од неговото извршување на оваа должност на Брахмана? Тоа е пресудата на списите. Śrama eva hi kevalam, едноставно губење време.
Затоа, оваа наука треба да се проучува од парампара системот. Evaṁ paramparā-prāptam (БГ 4.2). Мора да отидете кај вистинската личност која го познава Кришна. Evaṁ paramparā... Исто како и Сурја, Вивасван, тој бил поучен од Кришна. Ако земате инструкции од Вивасван, од богот на сонцето, тогаш ќе добиете совршено знаење. Но, не можете да отидете на планетата Сонце и да го прашате Вивасван: „Што ви зборуваше Кришна? Затоа Вивасван го пренесе знаењето на својот син Ману. Оваа доба се нарекува Ваивасвата Ману, оваа доба. Сега, Вивасван, бидејќи тој е син на Вивасван, затоа Ману се вика Ваивасвата Ману. Ваивасвата Ману. Сега оваа доба оди на Ваивасвата Ману. Manur ikṣvākave 'bravīt. Така Ману зборуваше и со својот син. На овој начин, evaṁ paramparā-prāptam (БГ 4.2), Тој дава неколку примери, но знаењето мора да го прими преку парампара. Но, некако поради некои причини, парампара се изгубила... Исто како што му кажав нешто на мојот посветеник. Тој му го кажува истото на својот посветеник. Тој му го кажува истото на својот посветеник. Но, некако ако се искриви во одреден момент, тогаш знаењето се губи. Штом некој од посветениците во ученичкото наследство, го искриви знаењето, тогаш тоа се губи. Тоа се објаснува.
Sa kālena mahatā. Времето е многу моќно. Се менува. Тоа е... Времето значи дека се менува, ја убива првобитната положба. Имаш искуство. Купуваш нешто. Многу е свежо, ново. Но времето ќе го убие. Ќе стане излитено. Тоа ќе биде бескорисно во еден момент, во догледно време. Значи времето се бори. Ова материјално време се нарекува кала. Кала значи смрт. Или кала значи црна змија. Значи црната змија уништува. Штом допре нешто, тоа сè уништува. Слично, кала... Оваа кала е исто така друга форма на Кришна. Значи kālena mahatā. Затоа се нарекува махата. Тоа е многу моќно. Тоа не е обична работа. Махата. Нејзината работа е да уништува. Sa kālena iha naṣṭa. Така, со текот на времето... Како кала може да уништува? Штом kāla види дека искривувате, тогаш ќе се изгуби. Затоа, не обидувајте се да ја разберете Бхагавад-гита од личности кои се под влијание на кала - минато, сегашност, иднина. Не обидувајте се да ја разберете Бхагавад-гита од таканаречените филозофи измамници, коментатори и ... Тие ќе пишуваат Bhagavad-gītā на искривен начин. Некој ќе рече: „Не постоеше Кришна. Немаше Махабхарата“. Некој вели: „Кришна нагласи на оваа точка“, „Кришна нагласи на таа точка“. Некој ќе рече: „Кришна нагласи на кармата, карма-канда“. Некој ќе каже на jñāna, а некој ќе каже јога. Има толку многу изданија на Бхагавад-гита. Yogī cārtha, jñāna artha, Gītār gān artha...
Значи, вистинскиот Гитар Ган го зборува Севишната Личност, ние мора да го прифатиме тоа. Тоа е Гитар Ган.