MK/Prabhupada 0362 - Како што Ние Имаме Дванаесет GBC, Слично и Кришна има Дванаесет GBC



Lecture on SB 1.13.15 -- Geneva, June 4, 1974

Ако шетате по улица, ако убиете мравка при одењето, ќе бидете казнети. Ова е закон на природата. Ние сме во таква опасна позиција. Во секое движење има казна. Сега, ако им верувате на списите, тоа е друга работа. Ако не верувате, тогаш правете што сакате. Но, од списите можеме да разбереме дека законите на природата, или Бог е многу, многу строг, многу, многу строг. Така, Мандука Муни, исто така, го казни Јамараџа: „Во моето детство, без никакво знаење направив нешто, а за што ми дадовте толку голема казна. Значи, вие не сте способни да станете брахмана или кшатрија. Станувате шудра“. Така, тој беше проколнат да стане шудра. Затоа Јамараџа се родил како Видура и е роден во утробата на мајка шудра. Ова е историјата на раѓањето на Видура.

Во негово отсуство, Арјама, еден од полубоговите, тој му служеше на Јамараџа. Затоа се вели, abibhrad aryamā daṇḍam (ШБ 1.13.15). Работата мора да продолжи, магистратското место не може да биде празно. Некој мора да дојде и да дејствува. Значи, Арјама глумеше. Yathāvad agha-kāriṣu (ШБ 1.13.15). Agha-kāriṣu. Agha-kāri значи... Агха значи грешни активности и каришу. Каришу значи оние кои вршат грешни дела. И yathāvat. Јатхават значи точно до точка, како треба да биде казнет. Yathāvad agha-kāriṣu. Yāvad dadhāra śūdratvam (ШБ 1.13.15). Долго Јамараџа продолжи како шудра, Арјама служеше на негово место како Јамараџа. Ова е целта. (чита смисла :) „Видура, роден во утробата на мајка шудра, беше забранет дури и да биде дел од кралското наследство заедно со неговите браќа Dhṛtarāṣṭra и Pāṇḍu. Тогаш како можеше да заземе положба на проповедник за да поучува такви учени...? Одговорот е дека иако е прифатено дека тој бил шудра по раѓање, затоа што тој се откажа од светот за духовно просветлување со власта на Ṛṣi Maitreya и беше темелно едуциран од него во трансцендентално знаење, тој беше сосема компетентен да ја заземе положбата ачарја или духовен учител“. Видура беше шудра, роден шудра. Тогаш како станал проповедник?

Значи, причината е... „Според Шри Чаитанја Махапрабху, секој кој е упатен во трансценденталното знаење или науката за Бога, било да е тој брахмана или шудра, домаќин или санјаси, има право да стане духовен учител“. Не дека затоа што е роден како Шудра, не може да проповеда, тој не може да ја преземе положбата ачарја или духовен учител. Тоа не е филозофија на Чаитанја. Филозофијата на Чаитанја нема никаква врска со ова тело, надворешно тело. Филозофијата на Чаитанја се занимава со душата. Ова движење е движење на воздигнување на душата, спасување на душата од деградација. Затоа луѓето понекогаш се изненадени. Телесниот концепт на животот, истите активности ќе бидат карма. На платформата на духовниот живот, истата карма ќе биде бхакти. Истата карма ќе биде бхакти. Значи, бхакти не е неактивност. Бхакти е целосно активен. Yat karoṣi yaj juhoṣi yad aśnāsi yat tapasyasi kuruṣva tad mad-arpaṇam (БГ 9.27). Ова е бхакти, бхакти-јога. Кришна им вели на сите, „Ако не можете да се откажете од вашата карма, тогаш тоа е во ред. Но, резултатот од твојата карма, дај ми го. Тогаш тоа ќе биде бхакти“.

Значи, Видура беше Јамараџа. Не само што беше Јамараџа, обичен, туку е и еден од големите авторитети. Постојат дванаесет авторитети спомнати во списите. Еден од нив е Јамараџа. Balir vaiyāsakir vayam. Ова е наведено во Шримад-Бхагаватам. Јамараџа е еден од GBC (Governing Body Commission-комисија на раководното тело) на Кришна. Да. Како што ние имаме дванаесет GBC, слично и Кришна има дванаесет GBC.

svayambhūr nāradaḥ śambhuḥ
kumāraḥ kapilo manuḥ
prahlādo janako bhīṣmo
balir vaiyāsakir vayam
(ШБ 6.3.20)

Дека дванаесет мажи се овластени да ја проповедаат свесноста за Кришна. Затоа мора да следиме. Mahājano yena gataḥ sa panthāḥ (ЧЧ Мадја 17.186). Затоа ги создадовме овие GBC. Значи, тие треба да бидат многу одговорни мажи. Во спротивно, ќе бидат казнети. Ќе бидат казнети да станат шудри. Иако Јамараја е GBC, но направи мала грешка. Тој беше казнет да стане шудра. Значи, оние што се GBC треба да бидат многу, многу внимателни да го администрираат бизнисот на ISKCON( Интернационално друштво за свесност за Кришна). Во спротивно ќе бидат казнети. Бидејќи положбата е многу голема, слично, и казната е многу голема. Тоа е тешкотијата. Можете да видите од овој пример, Видура. Веднаш беше казнет. Тој направи мала грешка. Затоа што ришиите, муните ќе проколнуваат.