MK/Prabhupada 0325 - Обидете се Да го Раширите ова Движење за Свесност за Кришна И Ова е Вашата Садхана: Difference between revisions
(Created page with "<!-- BEGIN CATEGORY LIST --> Category:1080 Macedonian Pages with Videos Category:Prabhupada 0325 - in all Languages Category:MK-Quotes - 1968 Category:MK-Quotes...") |
(Vanibot #0005: NavigationArranger - update old navigation bars (prev/next) to reflect new neighboring items) |
||
Line 8: | Line 8: | ||
<!-- END CATEGORY LIST --> | <!-- END CATEGORY LIST --> | ||
<!-- BEGIN NAVIGATION BAR -- DO NOT EDIT OR REMOVE --> | <!-- BEGIN NAVIGATION BAR -- DO NOT EDIT OR REMOVE --> | ||
{{1080 videos navigation - All Languages| | {{1080 videos navigation - All Languages|Macedonian|MK/Prabhupada 0324 - Историја Значи да се Разберат Активностите на Првокласниот Човек|0324|MK/Prabhupada 0326 - Бог е Севишен Татко, Севишниот Сопственик, Севишниот Пријател|0326}} | ||
<!-- END NAVIGATION BAR --> | <!-- END NAVIGATION BAR --> | ||
<!-- BEGIN ORIGINAL VANIQUOTES PAGE LINK--> | <!-- BEGIN ORIGINAL VANIQUOTES PAGE LINK--> |
Latest revision as of 08:14, 10 December 2021
Class in Los Angeles -- Los Angeles, November 15, 1968
Свесноста за Кришна е толку убава. Тоа е тестот. Сите овие момчиња, секој човек може да дојде и да ги праша како се чувствуваат. Освен ако не чувствуваат некое духовно задоволство, како можат да се откажат од сè и да се вклучат во пеењето за свесноста за Кришна? Затоа ова е тестот. Naiṣāṁ matis tāvad urukramāṅghrim. Matis tāvad. Matis tāvad urukramāṅghrim. Urukramāṅghrim. Urukrama, другото име на Кришна е Urukrama. Urukrama значи... Уру значи многу тешко, а крама значи чекори. Исто како и Кришна во Вамана-аватара, Тој ги продолжи Своите чекори до небото. Затоа неговото име е Урукрама. Човек не може да го насочи својот ум на лотосовите стапала на Кришна освен ако mahīyasāṁ pāda-rajo-'bhiṣekaṁ niṣkiñcanānāṁ na vṛṇīta yāvat. Ова не е можно додека тој нема можност на допирање на прашината на лотосовите стапала на личноста која е niṣkiñcana, кој нема материјални копнежи; mahīyasām, а животот му е посветен само на Кришна. Штом некој ќе дојде во допир со таква личност, со неговата милост, свесноста за Кришна може да се постигне. Не со кој било друг метод. Naiṣāṁ matis tāvad urukramāṅghrim (ШБ 7.5.32). Тестот ќе биде spṛśaty anarthāpagamo yad-arthaḥ mahīyasāṁ pādo-rajo-'bhiṣekaṁ niṣkiñcanānāṁ na vṛṇīta yāvat. Ова е тестот, и ова е начинот на кој може да се пријде на веродостојна личност и да ја прими свесноста за Кришна од него, со неговата милост, со неговата милост. Но, штом некој ќе добие, веднаш започнува неговото ослободување од материјалното заплеткување. Веднаш, веднаш. И тогаш како што напредува, напредува, напредува, неговиот живот станува возвишен. Сега една работа... Човек може да се запраша, да претпоставиме дека некој станал свесен за Кришна од сентимент, но не можеше да го заврши. Каков е резултатот? Тоа е кажано и во Шримад-Бхагаватам. Tyaktvā sva-dharmaṁ caraṇāmbujaṁ harer (ШБ 1.5.17). Сва-дхармам.
Сва-дхарма значи дека секој има одредена должност, професија. Сите. Значи, ако некој се откаже од својата конкретна должност во која е ангажиран, tyaktvā sva-dharmam... Исто како и многу момчиња и девојчиња, тие доаѓаат овде. Тие биле ангажирани во нешто друго, но одеднаш се откажуваат и се придружуваат на ова движење за свесност за Кришна. За нив, се вели во Бхагавата, tyaktvā sva-dharmam... Сва значи своја, професија, дарма. Сега овде дармата не е религија. Професионална должност. Tyaktvā sva-dharmaṁ caraṇāmbujaṁ harer. Да претпоставиме дека откако ќе слушне некои предавања за ова движење за свесност за Кришна, тој си кажува: „Сега ќе започнам со свесноста за Кришна“. и се откажува од пропишаните должности или професионалната должност. Tyaktvā sva-dharmaṁ caraṇāmbujaṁ harer bhajann apakvo 'tha patet tato yadi (ШБ 1.5.17). Бхаџан. Ќе почне да ги пее Светите Имиња или да ги следи регуларните принципи, но наеднаш паѓа. Тој паѓа. Не може да се обвини. По некоја причина или поради некои околности, тој паѓа. Бхагавата вели: „Што не е во ред со него дури и ако падне?“ Видете. Дури и ако падне поради незрелиот развој на свесноста за Кришна, сепак, тој не е губитник. И Бхагавата вели, ko vārtha āpto 'bhajatāṁ sva-dharmataḥ. И каков профит ќе добие тој, кој е многу стабилно ангажиран во својата професионална должност? Тој едноставно е губитник затоа што не знае која е целта на неговиот живот. Но, еве, личност која доаѓа во свесноста за Кришна, дури и на неколку дена ако е со нас, тој ја добива контаминацијата на свесноста за Кришна, така што во неговиот следен живот ќе почне повторно, повторно, повторно. Значи, тој не е губитник. Една инјекција од свесноста за Кришна ќе го направи еден ден совршен во свесноста за Кришна, и тој сигурно ќе се врати кај Бога, ќе се врати дома. Обидете се да го раширите ова движење за свесност за Кришна. И ова е вашата садхана, извршување на строгости, покајание. Затоа што треба да сретнете толку многу спротивставени елементи. Мора да се борите со нив. Тоа е тапасја. Толерирате толку многу навреди, толку многу малтретирања и толку многу непријатности, лична непријатност, сè што е жртвувано, пари - но тоа нема да помине залудно. Бидете сигурни. Нема да помине залудно. Сакам да кажам, Кришна ќе ве награди доволно. Подолжете да ја извршувате свесноста за Кришна. Ви благодарам многу.