MK/Prabhupada 0324 - Историја Значи да се Разберат Активностите на Првокласниот Човек



Lecture on SB 6.1.20 -- Chicago, July 4, 1975

И оваа Курукшетра е дарма-кшетра. Не затоа што борбата беше таму и Кришна беше на бојното поле, затоа се нарекува дарма-кшетра. Некогаш така се толкува. Но всушност Курукшетра беше дарма-кшетра од многу, многу одамна. Во Ведите е наведено, kuru-kṣetre dharmam ācaret: „Ако некој сака да изврши ритуална церемонија, треба да оди во Курукшетра“. И тоа е системот сè уште во Индија, ако има некакво несогласување или кавга помеѓу две страни, сепак тие би оделе во храм - храмот е дарма-кшетра - за да не се осмели да зборува лага пред Божеството. Ова сè уште трае. Дури и некој со многу низок морал, сепак, ако тоа го оспорат „Го зборуваш ова лажно. Сега зборувај пред Божеството“, ќе се двоуми, „Не“. Ова е сеуште во Индија. Не можете да зборувате лаги пред Божеството. Тоа е навреда. Не сметајте дека Божеството е мермерна статуа. Не. Svayaṁ bhagavān. Исто како Чаитанја Махапрабху. Штом го видел божеството Јаганнатха, веднаш се онесвестил. "О, тука е мојот Господ." Не како нас: „О, еве некоја статуа“. Не. Тоа е прашање на ценење. Дали вие цените или не цените, Божеството е Севишната Божја Личност. Секогаш треба да се сеќаваме. Затоа ќе бидеме многу внимателни пред Божеството, да не направиме навреда. Му служам, нудејќи Му прасадам, облекувајќи Го, секогаш треба да мислиме: „Тука е лично Кришна“. Тој е лично тука, но поради нашето непознавање не можеме да го разбереме.

Значи, сè што е во списите треба да следиме. Ова се нарекува брахманска култура. Ова движење за свесност за Кришна значи брахманска култура - културно прикажување на првокласни мажи, првокласни мажи. Брахмана треба да се сфати како човек од прва класа во човечкото општество. Затоа Кришна вели: cātur-varṇyaṁ mayā sṛṣṭaṁ guṇa-karma-vibhāgaśaḥ (БГ 4.13). Итихаса, историја, историја значи да се разберат активностите на првокласниот човек. Тоа е историја. Тие ги откриваат најважните случаи. Затоа овде е даден примерот дека udāharanti imam itihāsaṁ purātanam (ШБ 6.1.20). Бидејќи тоа се од прва класа настани ... Инаку, ако ја запишете историјата за целиот период, тогаш каде, кој ќе го прочита тоа, и кој ќе го цени тоа, и каде ќе го чувате тоа? Секојдневно толку многу работи се случуваат. Затоа, според ведскиот систем, единствено важните настани се запишани во историјата. Затоа се нарекува Пурана. Пурана значи стара историја. Пуратанам. Пуратанам значи многу, многу стар. Тоа се запишува. Значи, Шримад-Бхагаватам е збирка на многу стара историја, историски настани. Itihāsa purāṇānāṁ sāraṁ sāraṁ samuddhṛtya. Sāram значи суштина. Не мора да се земат сите запишани бесмислености. Не. Sāraṁ sāram, само важното, суштината треба да се запише. Ова се нарекува индиска историја. Махабхарата... Маха значи Голема Индија. Голема Индија, имаше толку многу настани таму, но најважната случка, битката кај Курукшетра, е таму. Не треба да се запишуваат сите битки.