MK/Prabhupada 0319 - Прифатете го Бога, Прифатете ја Вашата Позиција како Божји Слуга и Служете Му на Бога

Revision as of 08:13, 10 December 2021 by Vanibot (talk | contribs) (Vanibot #0005: NavigationArranger - update old navigation bars (prev/next) to reflect new neighboring items)
(diff) ← Older revision | Latest revision (diff) | Newer revision → (diff)


Room Conversation with Sanskrit Professor, other Guests and Disciples -- February 12, 1975, Mexico

Гостин (4): Дарма, значи за религиозните убедувања или должност?

Прабхупада: Не, дарма е должност,varṇāśrama-dharma. Откажано е и тоа. Тоа значи дека единствената должност е да станете свесен за Кришна. Тој рече, sarva-dharmān parityajya (БГ 18.66). Во почетокот Тој рече dharma-saṁsthāpanārthāya. Да. Yuge yuge sambhavāmi. Сега, Тој рече „Се појавив повторно да го воспоставам принципот на религијата“. Така, во последната фаза Тој рече, sarva-dharmān parityajya. Тоа значи дека таканаречената дхарма, или религија, што се случува во светот, не е реална. И затоа Bhāgavata вели: dharmaḥ projjhita-kaitavo 'tra (ШБ 1.1.2), „Овде се отфрлаат сите видови на божемни религии“. Божемна религија, што е тоа? Божемна (преправена)... Исто како злато. Златото е злато. Ако златото е во раката на некој хинду, тогаш дали ќе се вика хинду злато? Слично на тоа, религијата значи послушност кон Бога. Каде е хинду религијата? Каде е христијанската религија? Каде е муслиманската религија? Бог е насекаде, а ние сме наменети само да му се покоруваме на Бога. Тоа е една религија, послушноста кон Бога. Зошто ја направија хинду религија, муслиманска религија, христијанска религија, оваа религија, онаа...? Затоа сите тие се божемни религии. Вистинската религија е послушност... Dharmaṁ tu sakṣād bhagavat-praṇītam (ШБ 6.3.19). Исто како законот. Законот го носи државата. Законот не може да биде хинду, муслимански, христијански закон, овој закон, оној закон. Законот е наменет за сите. Послушност кон државата. Тоа е закон. Слично, религијата значи послушност кон Бога. Тогаш кој нема претстава за Бог, нема идеја за Бог, каде е религијата? Тоа е божемна религија. Затоа во Бхагавата ќе најдете, dharmaḥ projjhita-kaitavo 'tra: (ШБ 1.1.2) „Секој божемен тип на религија е отфрлен“. И Кришна, исто така, го кажа истото, sarva-dharmān parityajya: (БГ 18.66) „Откажете се од сите овие божемни религии. Едноставно предај ми се мене. Тоа е вистинска религија“. Која е користа од шпекулирањето на божемната религија. Тоа воопшто не е религија. Исто како божемниот закон. Законот не може да биде божемен. Законот е закон, даден од државата. Слично, религија значи наредба дадена од Бога. Тоа е религија. Ако следиш, тогаш си религиозен. Ако не следиш, тогаш си демон. Направете ги работите многу поедноставни. Тогаш тоа ќе биде привлечно за сите. Движењето за свесност за Кришна е наменето да ги направи работите многу поедноставно. Прифатете го Бога, прифатете ја вашата позиција како Божји слуга и служете му на Бога. Тоа е се, три збора.