MK/Prabhupada 0039 -Модерниот лидер е само како марионета

Revision as of 10:09, 19 October 2018 by Vanibot (talk | contribs) (Vanibot #0023: VideoLocalizer - changed YouTube player to show hard-coded subtitles version)
(diff) ← Older revision | Latest revision (diff) | Newer revision → (diff)


Lecture on SB 1.10.3-4 -- Tehran, March 13, 1975

Идеалниот крал е како Јудиштир, тој не владее само со земјата и морињата, тој владее со цела планета. Тоа е идеал.( чита:) „Модерниот англиски закон на примогенитура или закон за наследување на првородениот, преовладувал и тогаш кога Махараџ Јудиштир владеел со земјата и морињата“. Тоа значи цела планета, вклучувајќи ги и морињата.( чита:) „Во тоа време кралот на Хастинапур, кој сега е дел од Њу Делхи, бил владетел на светот, вклучувајќи ги и морињата, се до времето на Махараџ Парикшит, внук на Махараџ Јудиштир. Неговите помлади браќа биле неговиот министер и премиер и постоела потполна соработка помеѓу совршено религиозните, браќа на кралот. Махараџ Јудиштир бил идеален крал и представник на Господ Шри Кришна...“. Кралот треба да биде представник на Кришна. „...за да владее со кралството на Земјата и за да биде споредуван со кралот Индра, избраниот владетел на рајските планети. Полубоговите како Индра, Чандра, Сурија, Варуна, Вају...итн. се избрани кралеви на различни планети во универзумот. И слично на тоа Махараџ Јудиштир бил еден од нив, владеејќи со кралството на Земјата“.

Махараџ Јудиштир не бил типичен неинтелегентен политички водач на модерното демократско општество. Махараџ Јудиштир добил инструкции од Бхишмадев и од непогрешливиот Господ и затоа тој поседувал знаење за се, до совршеност. Модерно избраниот извршен шеф на државата е како кукла, која нема кралски моќи. Дури и да е просветлен како Махараџ Јудиштир, тој не може да стори ништо, по својата сопствена добра волја, поради својата уставна положба. Затоа, постојат многу држави на Земјата, кои се караат, поради идеолошки разлики или себични мотиви. Но, крал како Махараџ Јудиштир немал своја сопствена идеологија. Тој само требал да ги следи упатствата на непогрешливиот Господ и Неговиот представник и овластениот застапник, Бхишмадев. По упатствата во шастрите, една личност треба да следи голем авторитет и непогрешливиот Господ, без било каков личен мотив и креирана идеологија. Затоа, било возможно за Махараџ Јудиштир да владее со целиот свет, вклучувајќи ги и морињата, затоа што принципите биле непогрешиви и универзално применливи за секој.

Концепцијата на светска држава може само да се оствари единствено ако следиме непогрешив авторитет. Несовршеното човечко суштество не може да креира идеологија која е прифатлива за сите. Само совршена и непогрешива личност, може да креира програм, кој е применлив на секое место и можат да го следат сите на светот. Тоа е личност која владее, а не безлична влада. Ако личноста е совршена и владата е совршена. Ако личноста е будаласта, владата е рај за будали. Тоа е законот на природата. Постојат толку многу приказни за несовршените кралеви или извршни шефови на држави. Затоа, извршниот шеф мора да биде подучена личност, како Махараџ Јудиштир и мора да има потполна автократска моќ да владее со светот. Концептот на светска држава, може единствено да се вообличи под режим на совршен крал како Махараџ Јудиштир. Светот бил среќен, во тоа време, затоа што постоеле кралеви како Махараџ Јудиштир, кои владееле со светот. Нека овој крал го следи Махараџ Јудиштир и на пример покаже како монархијата може да креира, совршена држава. Во шастрите, постојат инструкции и ако ги следи, тоа тој може да го оствари. Тој има моќ.

Затоа, поради тоа што бил совршен крал, представник на Кришна, затоа „kāmaṁ vavarṣa parjanyaḥ“ (ШБ 1.10.4). Parjanyaḥ значи дожд. Дождот е основниот принцип на снабдување со сите потрепштини за живот. Затоа, Кришна во Бхагавад Гита вели „annād bhavanti bhūtāni parjanyād anna-sambhavaḥ“ (БГ 3.14). Ако сакате да ја направите популацијата среќна и луѓето и животните...Тука се и животните. Тие се...Овие расипани извршни шефови на држави понекогаш прават шоу од добробитта за луѓето, но не и за животните. Зошто? Зошто таква неправда? И тие се родени во таа земја. Тие се исто така живи суштества. Тие можеби се животни. Тие немаат интелигенција. Тие имаат интелигенција, не толку добра како човекот, но тоа не значи дека треба да се прават кланици за нивното убивање? Дали е тоа правда? И не само тоа, туку секој кој ќе дојде во државата, кралот треба да му пружи засолниште. Поради што има разлики? Секој добива засолниште, на секој кој ќе ни се обрати "Господине, јас би сакал да живеам во Вашата држава“, му се пружа потполно сместување. Зошто овака: „Не, не, не можеш да дојдеш. Ти си Американец. Ти си Индиец. Ти си ова?“ Не. Постојат толку многу работи. Ако всушност тие ги следат принципите, Ведските принципи, тогаш идеалниот крал ќе биде добар лидер. И природата ќе помогне. Затоа е речено дека за време на владеењето на крал Махараџ Јудиштир, „kāmaṁ vavarṣa parjanyaḥ sarva-kāma-dughā mahī“ (ШБ 1.10.4). Махи, Земја. Ги добивате сите потреби од земјата. Тоа не паѓа од небо. Да, паѓа од небо во облик на дожд. Но, тие не ја познаваат науката, како билките растат од земјата, според различното уредување ( аранжман ). Под одредени услови, паѓа дожд и постои астрално влијание. Тогаш, се создаваат толку многу работи, драги камења, бисери. Тие не знаат како тие работи се создаваат. И затоа, ако кралот е побожен, природата како би му помогнала, соработува со него. А кралот, ако владата е безбожна, тогаш ни природата не сака да соработува.