MK/Prabhupada 0139 - Тоа е духовен однос
Lecture on SB 3.25.38 -- Bombay, December 7, 1974
Ако го љубите Бог, нема да има уништување како со материјалните работи. Или го љубите како свој господар...Во овој свет, господарот е задоволен сè додека го служите. Слугата е задоволен сè додека е платен. Но во духовниот свет нема такво нешто. Ако не можам поради некои околности да служам, господарот е задоволен. Слугата исто така - ако господарот не плати - тој е задоволен. Тоа се вика единство, Апсолут. Тоа е...Тука имаме пример. Во оваа институција има многу ученици. Ние ништо не плаќаме, но тие се спремни да направат сè за мене. Тоа е духовен однос. Пандитот Џавахарлал Нехру, кога бил во Лондон, неговиот татко (Мотилал Нехру) му дал 300 рупии за да има слуга. Кога еднаш го посетил Лондон забележал дека слугата го нема. Пандитот рекол: „Каде е твојот слуга?" Тој му одговорил: „Каква корист од слуга? Јас немам што да правам. Јас сам правам сè". „Не, не. Јас сакам Англичанец да ти биде слуга". Значи тој мора да плати за тоа. Ова е еден пример. Јас имам стотици; илјадници слуги кои неморам да ги плаќам. Тоа е духовен однос. Тоа е духовен однос. Тие не служат за плата. Што имам јас? Јас сум сиромашен Индиец. Колку можам да платам? Тие служат од љубов, духовна љубов. Јас исто така ги подучувам без да добивам плата. Тоа е духовно. Pūrṇasya pūrṇam ādāya (Īśo Invocation). Сè е потполно. Значи ако го прифатите Кришна како ваш син, пријател или љубовник, никогаш нема да бидете измамени. Затоа обидете се да го прифатите Кришна. Оставете ги овие илузорни; „Слуга" „Син" „Татко" или „Љубовник". Инаку ќе бидете измамени.