MK/Prabhupada 0274 - Припаѓаме на Брахма-сампрадаја
Lecture on BG 2.7 -- London, August 7, 1973
Треба да му пристапите на Севишната Личност, значи Кришна или Неговиот претставник. Сите други се неранимајковци и будали. Ако пристапите кон личност, гуру, кој не е претставник на Кришна, му пристапувате на неранимајко. Како ќе бидете просветлени? Вие мора да му пристапите на Кришна или на неговиот претставник. Тоа се бара. Tad vijñānārthaam sa gurum eva abhigacchet (МУ 1.2.12). Значи, кој е гуру? Samit-pāṇiḥ śrotriyaṁ brahma-niṣṭham. Гуру е потполно свесен за Кришна. Брахма-ништхам. И шротријам. Шротријам значи кој слушнал, кој добил знаење од шротријам пата, со слушање од надреден авторитет. Evaṁ paramparā-prāptam imaṁ rājarṣayoḥ viduḥ (БГ 4.2). Тука треба да научиме од Арџуна дека кога сме збунети, кога ја забораваме нашата вистинска должност, и затоа сме збунети, тогаш наша должност е да му пристапиме на Кришна, како што направи Арџуна. Ако кажете: „Каде е Кришна?“ Кришна не е таму, но претставникот на Кришна е таму. Треба да му се обратите. Тоа е ведски совет. Tad-vijnānārthaam sa gurum eva abhigacchet (МУ 1.2.12). Човек мора да му пристапи на гуру. А гуру, изворно значи Кришна. Tene brahma hṛdā ya ādi-kavaye muhyanti yat sūrayaḥ (ШБ 1.1.1). Janmādyasya yataḥ anvayāt itarataś ca artheṣu abhijñaḥ svarāt. Мора да му пристапите. Тоа е гуру. Сметаме, го земаме Брахма... Бидејќи тој е првото суштество во овој универзум, кој е прифатен како гуру. Тој даде ... Исто како што припаѓаме на Брахма-сампрадаја. Постојат четири сампрадаји, Brahma-sampradāya, Śrī-sampradāya, Rudra-sampradāya и Kumāra-samapradāya. Сите тие се махаџани. Mahājano yena gataḥ sa panthāḥ (ЧЧ Мадхја 17.186). Мораме да ја прифатиме линијата на дејствување што е дадена од махаџана. Значи, Брахма е махаџана. Ќе ја најдете сликата на Брахма со Ведите во раката. Тој ги дал првите упатства од Ведите. Но, од каде го добил ведското знаење? Затоа ведското знаење е апаурушеја. Не е направено од човек. Тоа е од Бога направено. Dharmaṁ tu sākṣād bhagavat-praṇītam (ШБ 6.3.19). Како Бог, Кришна му го дал на Брахма? Tene brahma hṛdā. Брахма, брахма значи ведско знаење. Шабда-брахма. Tene. Тој го вбризгува ведско знаење од хрида. Teṣām satāta yūktānām bhajatām pritī-pūrvakam (БГ 10.10). Кога бил создаден Брахма, тој бил збунет: „Која е мојата должност? Сè е темно.“ Тој медитирал, а Кришна му дал знаење дека: „Твојата должност е ова. Ти прави вака.“ Tene brahma hṛdā ya ādi-kavaye. Ādi-kavaye (ШБ 1.1.1). Brahmā е ādi-kavaye. Вистинскиот гуру е Кришна. И еве ... Кришна ја советува Бхагавад-гита. Овие неранимајковци и будали, нема да го прифатат Кришна како гуру. Тие ќе одат кај некој неранимајко и будала и неверник, грешен човек да прифатат гуру. Како може тој да биде гуру?