MK/Prabhupada 0270 - Секој има Свои Природни Склоности

Revision as of 08:11, 7 November 2021 by Vanibot (talk | contribs) (Vanibot #0005: NavigationArranger - update old navigation bars (prev/next) to reflect new neighboring items)
(diff) ← Older revision | Latest revision (diff) | Newer revision → (diff)


Lecture on BG 2.7 -- London, August 7, 1973

Прадиумна: Превод: „Сега сум збунет околу мојата должност и изгубив секаква смиреност поради мојата слабост. Во оваа состојба, Те молам да ми кажеш јасно што е најдобро за мене. Сега сум Твој посветеник и со душа предадена на Тебе. Те молам, поучи ме“.

Прабхупада: Ова е многу важен стих во Бхагавад-гита. Тоа е пресвртница во животот. Kārpaṇya-doṣa. Мизерна, doṣa значи грешка. Кога некој не постапува во согласност со својата позиција, тоа е грешка. И тоа се вика мизерно. Секој има свои природни склоности, свабхава. Yasya hi svabhāvasya tasyāso duratikramaḥ. Свабхава, природни склоности. Вообичаен пример е даден, yasya hi yaḥ svabhāvasya tasyāso duratikramaḥ. Еден... Навиката е втората природа. Оној кој има, кој е навикнат, или оној чија природа е карактеристична на некој начин, е многу тешко да се промени. Даден е примерот: śvā yadi kriyate rājā saḥ kiṁ na so uparhanam. Ако кучето го направите крал, значи ли дека нема да лиже чевли? Да, природата на кучето е да лиже чевли. Па дури и да го облечете како крал и да го ставите да седне на престолот, сепак, штом ќе види еден чевел, ќе скокне и ќе го лиже. Ова се нарекува svabhāva. Kārpaṇya-doṣa.

Во животинскиот свет, не е можно да се смени природата, која ја дава материјалната енергија, пракрити. Prakṛteḥ kriyamāṇāni (БГ 3.27). Kāraṇaṁ guṇa-saṅgo 'sya, kāraṇaṁ guṇa-sangaḥ asya sad-asad-janma-yoniṣu (БГ 13.22). Зошто? Сите живи суштества се делчиња од Бога. Затоа, изворните карактеристики на живото суштество се исти како и на Бога. Едноставно, прашање е на количина. Квалитетот е ист. Квалитетот е ист. Mamaivāṁśo jīva-bhūtaḥ (БГ 15.7). Истиот пример. Ако земете капка морска вода, квалитетот, хемискиот состав е ист. Но, количината е различна. Тоа е капка, а морето е огромен океан. Слично, ние сме потполно со ист квалитет како Кришна. Можеме да учиме. Зошто луѓето велат дека Бог е безличен? Ако јас сум со ист квалитет, значи и Бог е личност, како може да е безличен? Ако, квалитативно сме еднакви, тогаш како што јас се чувствувам индивидуално, зошто на Бог да му се одземе индивидуалноста? Ова е уште една бесмисленост. Имперсоналистичките неранимајковци не можат да разберат каква е природата на Бога. Во Библијата, исто така, се вели: „Човекот е создаден по примерот на Бога“. Можете да го проучувате Божјиот квалитет со проучување на вашите квалитети или нечиј друг квалитет. Едноставно, разликата е во количината. Имам квалитет, продуктивен капацитет. Ние исто така произведуваме, секоја индивидуална душа произведува нешто. Но, неговото производство не може да се спореди со производството на Бога. Тоа е разликата. Ние произведуваме една летечка машина. Многу се гордееме: „Сега го откривме спутникот. Тој оди на Месечината“. Но, тој не е совршен. Се враќа. Но, Бог создал толку многу летечки планети, милиони и трилиони планети, многу тешки, тешки планети. Исто како што оваа планета носи толку големи, големи планини, мориња, но сепак лета. Лебди во воздухот исто како памук. Ова е Божјата сила. Gām āviśya (БГ 15.13). Во Бхагавад-гита, ќе најдете: ahaṁ dhārayāmy ojasā. Кој ги одржува сите овие големи, големи планети? Го објаснуваме тоа со гравитацијата. А во списите откриваме дека ги носи Санкаршана.