MK/Prabhupada 0360 - Не му пристапуваме директно на Кришна. Мора да ја започнеме нашата служба со слугата на Кришна
Lecture on SB 7.9.42 -- Mayapur, March 22, 1976
ko nu atra te akhila-guro bhagavan prayāsa (ШБ 7.9.42). Секој бара дополнителен напор за да нè фаворизира, но Кришна не бара. Тоа е Кришна. Може да прави сè што сака. Тој не зависи од другите. Други зависат од санкцијата на Кришна, но Кришна не бара ничија санкција. Затоа, Прахлада Махараџа рече бхагаван прајаса. Прајаса, се советува да не зема, особено за посветениците. Човек не треба да се занимава со некој бизнис кој бара многу напор. Не. Ние треба да се занимаваме само со поедноставни работи доколку е тоа можно. Се разбира, посветеникот го презема ризикот. Исто како Хануман. Тој беше слуга на Господ Рамачандра. Така, Господ Рамачандра сакаше информации за Ситадеви. Тој не размислуваше: „Како да одам на другата страна на морето, Ланка? Тој едноставно, верувајќи во Господ Рамачандра, „Џаја Рама“, го прескокна. Рамачандра мораше да изгради мост. Се разбира, и тој мост е прекрасен бидејќи мајмуните носеа камен, и ги фрла во морето, но каменот лебдеше. Каде е вашиот закон за гравитација? А? Каменот лебди по водата. Тоа не може да го направат научниците. Но Господ Рамачандра сакаше; еден камен лебди. Инаку колку камења ќе фрлиме во морето за да дојде до ниво да стане мост? О, не беше можно. Тоа беше можно, сè беше можно, но Рамачандра, Господ Рамачандра, сакаше: „Нека биде поедноставено. Па нека го донесат каменот и тој ќе плови. Тогаш ќе одиме“. Тој можеше да оди и без камен, но сакаше малку служба од мајмуните. Имаше многу мајмуни. Baro baro badare, baro baro peṭ, laṅka diṅgake, mata kare het. Имаше многу други мајмуни, но не баш способни како Хануман. Затоа, исто така, им беше дадена шанса: „Донесете малку камен. Не можете да го прескокнете морето како Хануман, ти донеси камен, а јас ќе ги замолам камењата да лебдат“.
Така, Кришна може да направи сè. Aṅgāni yasya sakalendriya-vṛttimanti. Тој може да направи сè. Не можеме без Неговата наклоност. Прахлада Махараџа бара „Ако љубезно станеш милостив кон нас, тоа не е голема задача за тебе, бидејќи можеш да правиш што сакаш. Затоа што Ти си причина за создавање, одржување и уништување, затоа не ти е тешко“. Покрај тоа, mūḍheṣu vai mahad-anugraha ārta-bandho (ШБ 7.9.42). Општо земено, оние кои се Арта-Банду, пријатели на човештвото што страда, тие специјално покажуваат наклоност кон мудха, кон измамниците. Кришна доаѓа за тоа, затоа што секој од нас, ние сме мудха. Душкритино. Na māṁ duṣkṭtino mūḍhāḥ prapadyante. Нормално ние, затоа што сме грешни, затоа што сме мудхас, ние не му се предаваме на Кришна. Na māṁ prapadyante. Секој што не му се предава на Кришна, Тој е класифициран како duṣkṛtina, mūḍha, narādhamā, māyayāpahṛta-jñānā. Воопшто не е можно да се стане независен од волјата на Кришна. Тоа не е можно. Затоа, оние кои се обидуваат да работат независно, без наклонетоста на Кришна, тие се мудха, сите измамници. Тие нема да го прифатат она што го кажува Кришна и се обидуваат да воспостават некаков закон без Кришна. „Нема потреба од Бога“. Повеќето научници велат така. „Сега имаме наука. Можеме да направиме сè“. Тие се мудхас. Тоа е невозможно. Без наклонетоста на Кришна неможете да делувате независно.
Најдоброто нешто е секогаш да се трудите да барате наклонетост од Кришна. И не можете директно да ја барате наклонетоста на Кришна. Тоа е исто така друга точка. Kiṁ tena te priya-janān anusevatāṁ naḥ. Не можете да скокнете до Кришна без да ја имате наклонетоста на Неговиот посветеник. Yasya prasādād bhagavat-prasādaḥ. Не можете директно да ја барате наклонетоста на Бхагаван. Тоа е уште една глупост. Мора да одите по слугата на Кришна. Gopī-bhartur pada-kamalayor dāsa-dāsa-dāsānudāsaḥ Ова е нашиот процес. Не му пристапуваме директно на Кришна. Мора да ја започнеме нашата служба со слугата на Кришна. А кој е слуга на Кришна? Оној кој станал слуга на слугата на Кришна. Ова се нарекува даса-дасанудаса. Никој не може да му биде независен слуга на Кришна. Тоа е уште една глупост. Кришна никогаш не прифаќа ничија услуга директно. Не. Тоа не е можно. Мора да дојдете преку слуга на слугата (ЧЧ Мадхја 13.80). Ова се нарекува парампара систем. Како што добивате знаење од парампара системот... Кришна зборуваше со Брахма, Брахма зборуваше со Нарада, Нарада зборуваше со Вјасадева и ние го добиваме ова знаење. Исто како Кришна... Бхагавад-гита е кажана од Кришна на Арџуна.
Значи, ако се откажеме од процесот на разбирање како што тоа го направи Арџуна, тогаш никогаш нема да можете да го разберете Кришна, или Бог. Тоа не е можно. Мора да го преземете процесот што Арџуна го прифатил. Арџуна исто така рекол „Те прифаќам тебе, Севишна Божја Личност, затоа што Вјасадева прифати, Асита прифати, Нарада прифати“. Истото. Мораме да го разбереме Кришна. Не можеме директно да го разбереме. Затоа, овие измамници кои се обидуваат директно да го разберат Кришна преку толкување, сите тие се измамници. Тие не можат да го разберат Кришна. Можат да бидат т.н големи луѓе Никој не е голем човек. Тие се исто така и ... Śva-viḍ-varāhoṣṭra-kharaiḥ saṁstutaḥ puruṣaḥ paśuḥ (ШБ 2.3.19). Puruṣaḥ paśuḥ. Овие големи, големи луѓе кои толку многу ги фалат некои измамниции, сите овие големи, големи лидери, што се тие? Бидејќи тие не се посветеници на Кришна, тие не можат да водат. Тие едноставно ќе доведат во заблуда. Затоа сите ги сметаме за измамниции. Ова е критериумот. Земете го овој критериум. Сè што сакате да научите од некого, прво гледате дали тој некој е посветеник на Кришна. Во спротивно, не земајте лекција. Не земаме никаква лекција од некој што употребува „Можеби“, „Можеби“. Не. Ние не сакаме таков научник или математичар. Не. Оној кој го познава Кришна, оној што е посветеник на Кришна, оној кој е обземен од екстаза едноставно слушајќи го Кришна, вие земате лекција од нив. Во спротивно сите се измамници.
Ви благодарам многу.