MK/Prabhupada 0006 - Секој е Бог - Рај на Будали
Lecture on SB 1.15.49 -- Los Angeles, December 26, 1973
Секој се прави важен, "Јас знам. Јас знам се. Затоа нема потреба да се најде учител/гуру." Ова е метода, како да се пријде на гуру, духовен учител: предади се, "Јас знам толку многу работи кои се бескорисни. Сега љубезно научи ме." Тоа се нарекува, предавање. Како што Арџуна рекол шишјас те хам садхи мам прапанам (БГ 2.7). Кога Кришна и Арџуна, имале аргумент - расправа и кога ситуацијата не се решила, тогаш Арџуна му се предал на Кришна, велејќи: "Мој драг Кришна, сега говориме како пријатели. Но, повеќе нема пријателски разговор. Јас те прифаќам тебе, како мој Духовен учител. Те молам љубезно, научи ме што е мојата должност." Тоа е Бхагавад Гита. Тоа личноста мора да го научи. Тад - виџнанартхам са гурум ева абхигачет ( МУ 1.2.12 ). Тоа е Ведска инструкција, што е вредноста на животот ? Како се менува ? Како се селиме од едно тело во друго ? Што сум Јас ? Дали сум јас ова тело или нешто повеќе ? За овие работи, треба личноста да се распрашува. Тоа е човечкиот живот. Атхато брахма џиџнаса. Такво прашање треба да се постави. И во оваа Кали југа, без било какво знаење, без било какво прашање, без духовен учител, без било каква книга, секој е Бог. Тоа е се. Тоа се случува, Рај на Будалите. И тоа нема да помогне. Еве, нешто за Видура... Тој исто... Видуро пи паритјаџја прабхасе дехам атманаха кришнавешена тач-читаха питрибхиха сва-кшајам јајау (ШБ 1.15.49)
Тој... Говорев за Видура. Видура бил Јамараџ. И една света личност, била доведена пред Јамараџ, да добие казна. И кога светата личност, го запрашала Јамараџ: "Јас сум... јас не се сеќавам дека во својот живот сум направил, било каков грев. Зошто сум јас доведен овде да ми се суди?" А Јамараџ рекол: " Ти не се сеќаваш. Во своето детство, си пробил една мравка со игла, низ нејзиниот ректум и таа умрела. Затоа, треба да бидеш казнет." Само видите. Во детството, во незнаење, затоа што направил еден грев, тој требал да биде казнет. А ние доброволно, против принципот на религијата "Не убиј", ние отвараме толку илјадници кланици, давајќи толку многу бесмислени теории, дека животното нема душа. Само погледнете ја забавата. И тоа се случува. А ние сакаме да имаме мир.