MK/Prabhupada 0007 - Издржувањето од Кришна ќе дојде



Lecture on SB 1.5.22 -- Vrndavana, August 3, 1974

Брахмананда: Брахманата не треба да прифати, никакво вработување.

Прабхупада: Не. Тој ќе умре од глад и нема да прифати било какво вработување. Тоа е брахмана. Кшатријата исто така и вајшијата исто така. Само шудрите. Вајшијата ќе најде некаква работа. Тој ќе најде некаква работа. Има една реална приказна за тоа. Еден, г-дин Нанди, одамна, одамна некогаш во Калкута, отишол до некој пријател и му рекол, "Кога би ми дал малку пари, би можел да започнам некој бизнис." Овој одвратил, "Ти си вајшија ? Трговец ?" "Да." "О, ти ми бараш пари ? Парите се секаде по улиците. Ти ќе ги најдеш." Тој одговорил, "Но, јас не ги наоѓам." "Не ги наоѓаш ? Што е тоа ?" "Тоа, тоа е мртов глушец." рекол пријателот. "Тоа е твојот капитал." Само погледни. Овие денови, кугата коси се пред себе во Калкута. Општината објави дека за секој мртов глушец, кој ќе биде донесен во заводот, ќе исплати 2 пари. Трговецот го земал мртвото тело на глушецот и го однел во просториите на општината. Тој бил платен 2 пари. Од тие пари, купил трули бетел ораси, ги измил и ги продал за 4 или 5 пари. На овој начин, повторно и повторно, човекот/трговец постанал богат човек. Еден член од нивната фамилија беше наш брат по Бога. Фамилија Нанди. Таа Нанди фамилија сеуште и сега храни 400, 500 луѓе дневно. Голема аристократска фамилија. И нивното фамилијарно правило е да штом еден син или ќерка се родат во нивната фамилија, тие положуваат во банка пет илјади рупии и во времето на венчавката, тие пет илјади рупии со камата од банката, синот или ќерката може да ги подигнат. Поинаку, немаат уддел во капиталот. И сите кои живеат, внатре во фамилијата, имаат храна и кров над глава. Тоа е нивното правило...Првобитно, сакав да кажам дека основачот на нивната фамилија, Нанди, го започна својот бизнис со црвен, умрен глушец. Тоа е факт, навистина факт, да ако сакаме да живееме независно... Во Калкута сум видел. Дури и сиромашната класа на вајшии и сега наутро земаат дал, вреќа леќа и одат од врата до врата. Далот се бара сегде. Така, наутро го работат бизнисот со дал, а навечер земаат еден канистер керозин. А, навечер на сите им треба. Сеуште можеме да најдеме во Индија, тие... Никој не бара вработување/работа. Малку, колку го да има, човекот продава малку ораси или кикирики. Тој нешто работи. На крај на краеви, Кришна ги одржува сите. Погрешно е да се мисли "Овој човек ме издржува." Не. Шастрите велат, еко јо бахунамвидадхати каман. Довербата во Кришна е голема, дека "Кришна ми даде живот, Кришна ме прати овде. Па поради тоа, тој ќе ми даде одржување/ќе ми помогне да се одржам/издржам. И според мојот капацитет, ќе работам нешто и низ сите тие извори, издржувањето од Кришна ќе дојде."