MK/Prabhupada 0012 - Изворот на Знаење треба да биде преку Слушање



Lecture on BG 16.7 -- Hawaii, February 3, 1975

Секој од нас е несовршен. Ние носиме, многу гордост во нашите очи: "Можеш ли да ми покажеш ?" Какви квалификации имаат твоите очи, како би можел да видиш ? Тој не мисли за тоа, дека "Јас немам квалификации, но и понатаму сакам да видам ". Овие очи, тие се зависни од толку многу услови. Сега има електрична енергија, вие може да видите. Во моментот кога електричната енергија ќе се исклучи, вие не ќе можете да видите. Тогаш, каква е вредноста на очите ? Не можете да видите што се случува, позади овој ѕид. Поради тоа, не верувајте на вашите таканаречени сетила, како извор на знаење. Не. Изворот на знаење, би требал да биде преку слушање. Тоа се нарекува шрути. Затоа, Ведите се нарекуваат шрути. Шрути - прамана, шрути - прамана. Како што детето или момчето сакаат да знаат кој е нивниот татко. А што е доказот ? Слушањето за тоа од мајката е доказ и тоа се нарекува шрути. Мајката вели, "Тој е твојот татко." Така тој слуша, но тој не видел како тој некој постанал негов татко. Затоа што, пред неговото тело да било формирано, неговиот татко бил тука, а како тој тоа можел да го види ? Така, со гледање, ти не можеш да бидеш сигурен кој е твојот татко. Мораш да чуеш од авторитет. А тој авторитет е мајката. Затоа е шрути-прамана; доказот се наоѓа со слушање, не со гледање. Гледање...Нашите несовршени очи...Има толку многу препреки. Слично, со директна перцепција, не можете да ја имате вистината. Директната перцепција е шпекулација. Др.Жаба. Др.Жаба шпекулира што е Атлантски Океан. Тој е во бунар, голем три стапки, а некои пријатели го известиле, "Ох, јас видов огромна вода." "Што е тоа огромна вода ?" "Атлантскиот Океан." "Колку е голем ?" "Многу, многу голем." А Др.Жаба си мисли, "Можеби четири стапки. Овој бунар е три стапки. Може да биде четири стапки. Во ред, дури и пет стапки. Ма, ајде, десет стапки." На овој начин, со шпекулација, како Др.Жаба би го разбрал Атлантскиот Океан или Тихиот Океан ? Можете ли со шпекулација, да ја процените должината и ширината на Атлантикот, Пацификот ? Со, шпекулација не можете. Тие погодуваат, толку многу години во врска со универзумот, колку ѕвезди има, колкава е должината и ширината, каде е.... Никој, ништо не знае за материјалниот свет, а што да се говори за духовниот свет ? Тоа е надвор, далеку надвор. Парас тасмат ту бхаво нјо вјакто вјактат санатанах (БГ 8.20). Тоа ќе го најдете во Бхагавад Гита. Постои друга природа. Оваа природа, која ја гледате, небото, кружната купола, над неа, постои слој од пет елементи. Тоа е покрив. Баш како што сте го виделе кокосовиот орев. Тој има тврд покрив, а внатре во него има вода. Слично, на овој покрив... А надвор од покривот има пет слоеви, илјадници пати поголеми еден од друг: Слој на вода, слој на воздух, слој на оган. Морате да ги пробиете сите овие слоеви. А потоа ќе стигнете во духовниот свет. Сите овие универзуми, неограничен број, коти. Јасја прабха прабхавато џагад-анда-коти ( БС 5.40 ). Џагад-анда значи универзум. Коти, со милиони збиени заедно, тоа е материјалниот свет. А надвор од материјалниот свет има духовен свет, друго небо. Тоа е исто така небо. Тоа се нарекува паравјома. Со вашата, сетилна перцепција не можете да претпоставите ни што е дури на месечината или сонцето, на оваа планета, во овој универзум. Како тогаш можете да го разберете духовниот свет со шпекулација? Тоа е лудост. Затоа шастрите велат, ачинтјаха кхалу је бхава на тамс таркена јоџајет. Ачинтја, она што е незамисливо, надвор од вашата перцепција, не се обидувајте да расправате за него, да разберете и да нагаѓате. Тоа е лудост. Тоа не е возможно. Тоа е причината, зошто ни треба гуру. Тад-виџанартхам са гурум евабхигачет, самит-паниха шротријам брахма-ништхам ( МУ 1.2.12 ). Тоа е процесот.